Концесионерите се богатат од продажбата на најквалитетниот домашен мермер, а од парите, државата за четири години добила само еден процент. Ископувале минерални суровини надвор од дозволата за експлоатација, покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.
-
Економија 13.06.2024 14:47
-
Економија 13.06.2024 13:48
Ново поскапување, цената на лебот повисока за 10 проценти
Новото поскапување на лебот за 10 проценти ги налути граѓаните. Тие се жалат дека сè живо поскапело, а сиот товар, како што велат, паѓа врз и онака истенчениот семеен буџет, особено врз оние семејства кои во големи количини и често го купуваат овој основен прехранбен производ.
-
Економија 13.06.2024 13:05
Земјоделието мора да се прилагоди кон климатските промени
Климатските промени имаат директно влијание врз земјоделието. Годишните сезони се поместени за две до три недели порано. Порано започнуваат и земјоделските активности.
-
Економија 12.06.2024 19:20
Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, стабилизирање на цената со почеток на жетвата
Поскапе белиот и полубелиот леб на парче. Дел од компаниите го продаваат и за 10 проценти поскапо, наместо за 29 како досега, за 33 денари.
-
Економија 12.06.2024 14:56
План за економски раст на Западен Балкан
Регионот блокиран со еден куп бариери поради кои бизнисите наместо да се зајакнуваат, тапкаат во место. Бизнисмените од соседството, но и од Македонија, постојано укажуваат дека мора да се најде начин за побрз проток на стоки и на услугите. Една од можностите се т.н. зелени коридори.
-
Економија 12.06.2024 13:27
План за раст и олеснување за Западен Балкан
Со новиот план за раст се отвораат дополнителни можности за пристап до единствениот пазар на Европската унија за нашите компании многу порано пред полноправното членство. Известува Борис Грујоски.
-
Економија 12.06.2024 12:11
Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%
Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно.
-
Економија 11.06.2024 11:26
Зелена енергија за поголема независност
Енергетската сигурност и зелената енергија се два суштински приоритети кои треба да ги надминат партиските политики порача амбасадорката на САД во земјава Агелер од Енергетскиот форум.
-
Економија 11.06.2024 09:16
Седмо издание на Македонскиот енергетски форум
Седмо издание на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Делегацијата на Европската унија во државава и ЗИП Институтот, во партнерство со Фондации Отворено општество – Западен Балкан.
-
Економија 10.06.2024 14:41
Дел од овошјето чека извоз, дел скапува на нивите
Дел од овошјето чека извоз во ладилници. Дел скапува на нивите. Мали количини се извезуваат. Производната цена е повисока од откупната. Овоштарите апелираат до институциите што поскоро да обезбедат пласман.










