Регулаторната комисија за енергетика се очекува да ја соопшти новата цена на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи која ќе важи од 1-ви јули.
-
Економија 27.06.2024 08:52
-
Економија 26.06.2024 14:57
Владата се подготвува за ребаланс, приоритет општините и линеарно зголемување на пензиите
Линеарно зголемување на пензиите од септември, најави премиерот Мицкоски. Средства за оваа намена ќе бидат обезбедени со ребалансот на Буџетот, кој се очекува да биде усвоен во јули.
-
Економија 26.06.2024 08:56
Субвенции за пчеларство
Пчеларите кои имаат најмалку 10 пчелни сандаци ќе можат да добијат субвенции од по 600 денари за едно пчелно семејство.
За земјоделските стопанства кои поседуваат над 50 презимени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 800 денари.
-
Економија 25.06.2024 15:27
Парк на ветерници, прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
Половина милијарда американски долари вредна инвестиција во енергетскиот сектор - Алказар Енерџи, го објави почетокот на инвестицијата на најголемиот парк на ветерници во земјава и во регионот со капацитет до 400 MW. Ќе обезбедува струја за околу 100.000 домаќинства.
-
Економија 25.06.2024 14:12
Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот, открива Стопанската комора
Централната власт минатата година била најголем подмитувач на бизнисот, алармира Стопанската комора.
-
Економија 25.06.2024 13:46
Проект за развој на ветерен парк
Новата Влада ја претстави првата инвестиција вредна над 450 милиони евра. Проектот, ветерен парк на Алказар Енерџи меѓу општините Карбинци, Штип и Радовиш, се очекува да донесе значителни економски користи. Марина Стојанова – Тонева го следеше настанот.
-
Економија 25.06.2024 12:40
ДЗР: Слабости во реализацијата на капиталните инвестиции
Отсуството на систем за управување со јавните инвестиции и непреземањето на корективни мерки предизвикуваат застој и бавна динамика на реализација на стратешките инфраструктурни проекти, зголемени трошоци за реализација на проектите и високи фискални ризици за јавните финансии, како и ризик за ек
-
Економија 25.06.2024 09:37
Субвенции за свињарските и живинарските фарми
По 1.000 денари за грло ќе добијат сточарите кои одгледуваат женски приплодни маторици и поседуваат минимум пет свињи. Услов е тие да бидат чувани најмалку до 30 ноември годинава.
-
Економија 25.06.2024 09:19
Претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари
Проектот за развој на парк на ветерници во земјава, инвестиција на Алказар Енерџи вредна над 500 милиони долари, денеска официјално ќе биде претставен во Скопје.
-
Економија 24.06.2024 16:07
Димитриеска- Кочоска ја презеде функцијата министер за финансии
Во Министерството за финансии утрово беше извршено примопредавање на функцијата министер за финансии. Новата министерка Гордана Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата од досегашниот министер за финансии Фатмир Бесими.









