Станува збор за амбициозен потфат кој Европската Унија го планира за Балканот. Фонд од 6 милијарди евра се одвоени како дел од пакетот, од кои 2 милијарди евра неповратни средства, а 4 милијарди евра во облик на кредити.
-
Економија 23.05.2024 09:00
-
Економија 22.05.2024 14:06
Граѓаните сè повеќе се задолжуваат кај банките
Домаќинствата сè повеќе се задолжуваат кај банките за полесно да го поминат месецот. Граѓаните најмногу подигнуваат потрошувачки кредити, оти според банкарите, тие се најлесно достапни за нив.
-
Економија 22.05.2024 12:49
Просечната нето плата во март 40.496 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2024 година изнесува 40.496 денари, и е за 16% повисока од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика. Просечната бруто-плата за истиот месец изнесува 60.803 денари.
-
Економија 21.05.2024 14:32
Илјада евра за да се закрпи месецот
Без илјада евра не може да се закрпи месецот. Живејачката делумно ублажена, но таа и натаму им ги мати сметките на граѓаните, алармира Сојузот на синдикати. Велат, најмногу пари одат на храна и пијалаци, близу 22.000 денари, ако се троши скромно.
-
Економија 21.05.2024 13:32
Пласманот и цената го диктираат интересот за производство на цреши
Нејзиното одгледување зависи од временските услови, но и од други фактори, меѓу кои се помалку овоштари. Пласманот и цената го диктираат интересот. И повторно забележлива е разликата од откупната и малопродажната цена. Двојно, тројно, а некогаш и многу поскапо.
-
Економија 21.05.2024 12:49
Земјоделци од струмичко на блокади заради ниски откупни цени
Со трактори и земјоделска механизација, земјоделците од Иловица и Штука струмичко го блокираа патот кон овие населени места во знак на револт заради ниската откупна цена на младиот компир. Тој се откупува по цена од 15 денари, што за Владо Малинов од Штука е неприфатлива.
-
Економија 21.05.2024 12:31
Во април зголемени вкупните кредити и депозити
Вкупните кредити во април бележат раст од 6,8 проценти на годишно ниво, а вкупните депозити за 9,3 проценти.
Зголемувањето и кај кредитите и кај депозитите се должи на зголеменото кредитирање и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор, но поизразен е кај домаќинствата.
-
Економија 21.05.2024 12:27
Синдикалната минимална кошница за месец мај изнесува 60.090 денари
Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2024 година изнесува 60.090,00 денари, информираат денеска од ССМ.
Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април годинава која изнесува 60.212,00 денари е намалена за 122,00 денари.
-
Економија 20.05.2024 14:06
Поевтинуваат горивата од полноќ
Горивата од полноќ ќе се продаваат по пониска цена, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
-
Економија 19.05.2024 11:25
Невработеноста голема, бројката на отворени работни места расте
Невработеноста голема, а бројката на отворени работни места расте. Ваква е сликата на пазарот на трудот со години, се жалат работодавците и агенциите за посредување. Се почесто се соочуваме со ситуација во која не можеме да најдеме соодветни квалификувани кадри за позициите кои ги нудиме.










