Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира лозаропроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за остварено производство на грозје.
-
Економија 14.02.2024 11:36
-
Економија 14.02.2024 08:07
Субвенции во лозарството
Земјоделските стопанства што имаат површини под лозови насади и се регистрирани имаат право на 12.000 денари по хектар за сите лозја.
Услов е да имаат минимална површина од 0,2 хектара, со најмалку 1.390 садници, подигнати до пролетта 2023 година.
-
Економија 13.02.2024 17:03
МЗШВ: Преку измени во Уредбата за директни плаќања создадовме услови за непречена исплата на субвенциите до земјоделците
Водиме грижа за секој земјоделец и овозможуваме непречена исплата на субвенциите. Како предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ја усвои измената на Уредбата за директни плаќања за 2024 година.
-
Економија 13.02.2024 14:36
Камионите ќе останат паркирани, транспортерите револтирани поради доцнењето на налепниците „НМК“
Наместо на пат, камионите ќе останат паркирани поради неажурноста на институциите. Транспортерите се револтирани поради доцнењето на налепниците „НМК“, кои, како што велат, ги нема ни за лек кога им се најпотребни.
-
Економија 13.02.2024 14:22
Поради непроменети патни исправи се откажуваат туристички аранжмани
„Заробен сум во сопствената држава“-вели Ванчо Стојкоски, пензиониран архитект кој пристигнал од Германија за да го запази рокот за промена на неговата патна исправа.
-
Економија 13.02.2024 13:58
Започна изградбата на обиколница Тетово
Во близина на населеното место Требош денеска се означи почетокот на градежните работи за изградба на обиколница Тетово. На настанот присуствуваа претседателот на Владата, Талат Џафери заедно со членови на Владата, директорот на ЈП за државни патишта, градоначалници, пратеници и граѓани.
-
Економија 13.02.2024 13:52
Исплатени 283,4 милиони денари субвенции кон 9.623 сточари
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализира исплатата на директните плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2024 година за обележани женски грла говеда, обележани грла овци и обележани грла кози.
-
Економија 13.02.2024 11:39
За 3.200 вработени во УКИМ се изнајде решение за зголемување на нивните плати
Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски оствари средба со ректорот на УКИМ, Биљана Ангелова и нејзиниот тим, заедно со претставници на синдикатот, при што се изнајде решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати.
-
Економија 13.02.2024 08:01
7,4 милиони денари за подобрување на животот во селата
На руралните општини, на единиците на локалната самоуправа каде што се наоѓа селската средина и на Центрите за развој на планските региони годинава им стојат на располагање 7,4 милиони денари од програмата за рурален развој.
-
Економија 12.02.2024 14:05
Азески: Според сите параметри, извозот е во најдобра кондиција
Стопанството изминатата година се соочуваше со многу предизвици и беше во лоша кондиција. За развој на македонската економија клучен е извозот. Дали извозот оди во нагорна линија? Борис Грујоски разговара со Бранко Азески, претседател на Стопанската комора.










