Поставување на фискални правила и воспоставување на Фискален совет - во насока на поголема контрола, среднорочно буџетирање и воспоставување на интегриран систем за управување со јавни финансии-во насока на подобро планирање, креирање на регистар на јавни субјекти и зголемување на транспарентност
-
Економија 04.12.2020 16:08
-
Економија 04.12.2020 14:44
Хоџа: Рано е да се дава оценка за откупот и квалитетот на тутунот
Рано е да се дава оценка за откупот и за квалитетот на тутунот, вели министерот за земјоделство Аријанит Хоџа по средбата со тутунарите. Од досегашните откупени 256 тони, просечната цена за килограм тутун изнесува 163 денари. Дециден е дека ќе се бара решение за сите незадоволни производители.
-
Економија 04.12.2020 13:15
Тутунарите бараат повисоки откупни цени
Министерот за земјоделство Аријанит Хоџа на средба со тутунопроизводителите и откупувачите. Тутунарите се жалат дека со просечна откупна цена од 150 денари не можат да ги подмираат ниту производствените трошоци. Бараат повисоки откупни цени и реално класирање од страна на откупувачите.
-
Економија 03.12.2020 15:29
Потпишана Спогодбата за трговија со Обединетото Кралство
Во Министерството за надворешни работи е потпишана спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу нашата земја и Обединетото Кралство. Спогодбата ја парафираа шефот на македонската дипломатија Бујар Османи и амбасадорката Рејчел Галовеј.
-
Економија 03.12.2020 11:01
Дополнителни субвенции за лозарите
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството ги информира производителите на грозје дека до 25- ти декември, може да поднесуваат електронски барања за произведениот и предаден род во регистрираните винарници.
-
Економија 02.12.2020 15:06
Можност да се спаси зимската сезона
По бедната пролетно- летна сезона со регистини само 1.500 гости и окулу 5.500 ноќевања, главно по основ на карантинско сместување и користење на вредносните ваучери, на Пелистер попозитивно се гледа на престојнава зимска сезона по одлуката дека ски центрите можат да работаат.
-
Економија 01.12.2020 17:18
Пандемијата и економската криза во фокусот на самитот „Македонија 2025“
Покрај економските пакети на поддршка, Владата работи фокусирано и на старт ап плановите. Човечкиот капитал и образовниот систем е првиот приоритет на кој е насочена Владата, рече премиерот Заев.
-
Економија 01.12.2020 12:23
Хотелиерите бараат да се продолжи рокот на ваучерите и да се издаваат нови
Хотелиерите на брегот на Охридското Езеро, кои сѐ уште се отворени сметаат дека треба да продолжи издавањето на ваучери за туризам. Крајниот рок за користење на доделените ваучери во висина од 6.000 денари им е до средината на декември годинава.
-
Економија 01.12.2020 10:45
Самитот „Македонија 2025“ во живо на МТВ
Денеска почнува виртуелниот самит „Македонија 2025“. Меѓу учесниците на панелот за „Светот во време на криза- економски реформи и глобалните односи во Југоисточна Европа“ ќе дебатираат и премиерот Зоран Заев, евроамбасадорот Дејвид Гир и американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.
-
Економија 30.11.2020 14:43
Поради корона-кризата изгубени над 15.000 работни места
15.000 работни места во земјава се изгубени за време на ковид- пандемијата, соопшти министерот Бектеши. Не верува дека враќањето на дијаспората го зголемува бројот на невработени.







