Нема да има отпуштање на вработени од Бучим, иако рудните резерви завршуваат во јули годинава, велат од менаџментот на рудникот. Се преземаат мерки да нема прекин во работата и исчезнување на рударството. Од први август е предвидено да се транспортира руда од новиот површински коп во Боров дол.
-
Економија 27.01.2020 15:13
-
Економија 27.01.2020 14:40
Регистар на сопственици од средината на февруари
Кои се вистинските сопственици на фирмите? Од средината на февруарИ правните субјекти ќе имаат рок од три месеци да ги ажурираат податоците за сопственичката структура, ако не ги обелоденат ќе бидат казнети со закон.
-
Економија 27.01.2020 12:51
Бензините поевтинуваат за половина, дизелот за денар
Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот и екстра лесното за денар. Регулаторната комисија за енергетика ја направи пресметката за неделава.
-
Економија 27.01.2020 10:28
Дополнителни субвенции за замена на житни култури со нови насади
На дополнителни субвенции имаат право земјоделците кои произведуваат жита и кои сакаат да ја променат културата во градинарство на отворено, пластеници, и во овоштарници и лозја.
-
Економија 24.01.2020 10:29
Привршува откупот на тутун
Од планираните 26.000 тони досега се откупени повеќе од 90 проценти, или скоро 22000 тони тутун. Просечната откупна цена изнесува 222,2 денари за килограм и е највисока во последните шест години.
-
Економија 23.01.2020 15:18
Потребна е предвидлива работна клима
Поради сѐ поголемиот јаз меѓу богатите и сиромашните треба да се размислува кон нов социјален модел, вели универзитетскиот професор Пејковски. Посочува дека Синдикатот, власта и работниците треба да седнат на маса и да ги договорат новите правила.
-
Економија 23.01.2020 13:40
МЕПСО ја почна модернизацијата на трафостаницата „Скопје 4“, инвестиција од 4,9 милиони евра
Државната енергетска компанија МЕПСО ја започна модернизацијата и ревитализацијата на трафостаницата „Скопје 4“. Инвестицијата од 4,9 милиони евра е поддржана преку кредит од Европската банка за обнова и развој.
-
Економија 23.01.2020 12:03
44 милиони денари финансиска поддршка за рибниците
Аквакултурата претставува одгледување, репродукција и исхрана на риби во рибници, полурибници, кафези, оризишта и други одгледувалишта на риба.
Зголемувањето на производство на риба е тренд во Европа и во светот заради заштита на природните ресурси и отворање на нови работни места.
-
Економија 22.01.2020 13:10
Танаскоски: Уредбата за увоз на автомобили нема да се менува
Уредбата за увоз на автомобили што стапи во сила од први јануари годинава и предвидува посебен данок за возилата врз основа на еколошка компонента, засега нема да се менува. Според директорот Ѓоко Танаскоски, Царинската управа е отворена за забелешки, но рано е за промена.
-
Економија 22.01.2020 12:49
Просечната плата во ноември 25.787 денари
Просечната нето плата по вработен во ноември 2019 година изнесува 25.787 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2019 година, во однос на ноември 2018 година, бележи раст од 5,1 отсто.






