Граѓаните да бидат спокојни, цените нема да пораснат во пресрет на празниците, уверуваат од Владата. Сите трговци кои ставаа цени од ракав, биле парично казнети, рече министерот за економија Бесар Дурмиши.
-
Економија 24.12.2025 18:54
-
Економија 24.12.2025 18:06
Монетарната политика останува непроменета
Интервентното зголемување на платите дополнително од законски предвиденото би влијаело на монетарната политика – вели гувернерот Славески.
-
Економија 24.12.2025 14:07
РКЕ: 95% отчитување на броилата, воведени нови мерки за подобра услуга
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информира дека процентот на отчитување на броилата е зголемен на 95 отсто на тримесечно и 90 отсто на месечно ниво.
-
Економија 24.12.2025 13:23
Славески: Инфлацијата е стабилизирана
„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна гаранција за стабилноста на девизниот курс“, порача гувернерот на Народна банка. Инфлацијата се очекува да се намалува, а растот да се зголемува.
-
Економија 24.12.2025 12:25
Трезорот продолжува со редовна исплата на налози, исплатени субвенции, плати, К-15 и капитални расходи
Министерството за финансии продолжува со редовна исплата и реализација на доставените налози од буџетските корисници, кои што согласно насоките ги доставуваа налозите до 15 декември 2025 година, информираат од Министерството за финансии.
-
Економија 23.12.2025 19:49
Од 2,45 проценти во првиот блок до 3,84 во четвртиот – поскапува струјата од 1-ви јануари
Струјата поскапува од јануари, од 2,45 проценти во првиот тарифен блок до 3,84 проценти во четвртиот. Есапот на Регулаторот покажува – за оние кои најмалку трошат, сметките во просек ќе се зголемат за 57 денари месечно. Во првиот блок се 85% од граѓаните.
-
Економија 23.12.2025 18:28
Владата прогласи седумдневна кризна состојба
Владата прогласи кризна состојба на пазарот на електрична енергија. Мерката ќе важи 7 дена од стапувањето во сила. Со оваа одлука на државната ЕСМ и се ставаат на располагање државните резерви на мазут за непречено да се произведува струја.
-
Економија 23.12.2025 17:55
Се бараат повеќе дејности за сезонски вработувања
Стопанствениците од Пелагонискиот регион го поздравуваат законот за работно ангажирање лица од први јануари, но бараат да бидат опфатени и други дејности освен сезонците во угостителството, земјоделството и услужните дејности.
-
Економија 23.12.2025 17:23
На што е најисплатливо да се греете?
Еден денар повеќе по киловат-час не звучи многу. Но, кога тој денар се множи со студена зима, со квадратни метри и со секојдневно греење – станува сериозна ставка во семејниот буџет.
-
Економија 23.12.2025 13:35
Струјата од 1-ви јануари со повисока цена
Од 1-ви јануари цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 проценти во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто.










