Од денеска, граѓаните ќе се снабдуваат со поевтини горива на продажните места на најголемите нафтени компании во земјава. Цените на горивата се за два до три денари пониски од максималната цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика.
Случувањата во Блискиот Исток и порастот на цената на нафтата – закана за поскапување на храната. Земјоделците велат дека ќе бидат принудени да ја покачат цената на земјоделските производи, имајќи предвид дека суровините, односно ѓубривата, се први на удар.
Откако Министерството за финансии утврди случаи на лажно рекламирање кредити со 0% камата од страна на некои финансиски друштва, од групацијата на небанкарски финансиски друштва при Стопанската комора велат дека Законот за заштита на потрошувачи прецизно ја регулира оваа тематика.
Со растот на цените на дериватите, поскапуваат и ѓубривата, земјоделците се надеваат дека кризата ќе се смири и ударот врз производството ќе се ублажи пред сезоната. Од владата уверуваат дека ја следат состојбата, Борис Грујоски известува.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека во „Службен весник на Република Северна Македонија“ е објавен Правилникот за формат, содржина и методологија за изработка на општинскиот енергетски план.
Владата останува фокусирана на стабилен економски раст и подобрување на животниот стандард, откако Регулаторната комисија ги објави новите цени на горивата. Ако цените продолжат да растат, ќе се намали ДДВ-то за горивата од 18% на 10%, а потоа и на 5%, предложија од Владата.
Денеска се исплатени над 280 милиони денари кон повеќе од 4.700 корисници, во рамки на програмите за финансиска поддршка во земјоделството.
По најновото поскапување на горивата, очите се вперени кон “Илинденска“ број 2. Се чека дали и каков потег ќе повлече Владата, од каде потврдија дека една од опциите е да се намали ДДВ-то од 18 на 10 проценти, па на пет.
Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар денеска ја отвора официјалната програма на фестивалот (Seoul International Monodrama Festival 2026) во Сеул, Јужна Кореја. Фестивалот се одржува од 17 до 26 март во организација на театарот (Samilro Changgo Theater) од Сеул.