Науката, бизнисот и инвеститорите на една локација, во Научно- технолошки парк ќе ги развиваат претприемачките идеи и ќе работат на нивна комерцијализација.
-
Економија 11.12.2018 15:30
-
Економија 11.12.2018 14:58
Фокус на привлекување романски, германски и шпански туристи
Македонија подготвува долгорочна стратегија за развој на туризмот. Ќе биде опфатен периодот до 2030-та година. Надлежните велат, документот да даде одговор на клучните прашања.
-
Економија 11.12.2018 11:13
Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет
Предлог – законот за данокот на личен доход и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, двата по скратена постапка, во второ читање, се на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
-
Економија 11.12.2018 10:37
Субвенции за органско производство
До 25-ти декември трае рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за органските преработки и за нивната продажба.
Органските фармери, може да аплицираат за субвенции за преработка и пакување на органските производи.
-
Економија 10.12.2018 16:33
Нелојалната конкуренција- проблем за туризмот
Евидентирани 60 ресторани и 150 хотели, а на туристичкиот пазар се нудат над 500. Ваква е сликата во македонското хотелиерство, децидни се од Здружението за угостителство и туризам.
-
Економија 10.12.2018 14:04
Бензините поевтини за 1,5 - дизелот за 2,5 денари
Значително поевтинување на горивата од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени. Бензините поевтини за 1,5, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари за литар.
-
Економија 10.12.2018 11:21
Легализација на земјоделските објекти до крајот на годинава
До крајот на годинава земјоделците можат да достават барања за легализација на изградените објекти и фарми на градежно земјиште. Со измените на законот, рокот за легализација на дивоизградените објекти е продолжен за една година. Барањата треба да се поднесат во општините на живеење.
-
Економија 07.12.2018 16:22
Анѓушев: В година за 36 отсто повеќе средства за финансиска поддршка на компаниите
Во 2019-та ќе има 36 насто повеќе средства за финансиска поддршка на македонските компании. Годинава тоа го искористиле 100 фирми, а поддршката е за оние кои инвестираат, најави вицепремиерот Кочо Анѓушев, при денешната посета на Прилеп.
-
Економија 07.12.2018 14:45
50 проценти од граѓаните досега се регистрирале во електронскиот систем на УЈП
Само 50 проценти од граѓаните досега се регистрирале во електронскиот систем за персонален данок. УЈП укажува дека остануваат уште 20-ина дена до кога треба да пристигнат уште 400 илјади пријави. Од обврската се ослободени пензионерите.
-
Економија 07.12.2018 14:25
Сивата економија го уништува еснафот и прави штета на буџетот
Сивата економија го уништува еснафот. Од 5.000 регистрирани занаетчии во Скопје, речиси двојно е поголем бројот на оние кои работат на црно. Комората бара засилени инспекциски контроли. Штета трпи и еснафот и буџетот.







