6,2 милијарди денари субвенции за земјоделците годинава. Барањата по електронски пат можат да се поднесуваат до 15-ти мај, соопшти директорот на Агенцијата за финансиска поддршка.
-
Економија 23.03.2018 14:21
-
Економија 23.03.2018 13:21
Просечната плата во јануари 24.025 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јануари годинава изнесува 24.025 денари и е за 5,6 отсто повисока од јануари лани, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Економија 23.03.2018 12:59
„Еурокомпозит“: Суспендирани 10 вработени, активиран штрајк
Синдикатот на прилепски „Еуркомпозит“ денеска го блокираше влезот во оваа наменска фабрика и го активираше штрајкот. Ова, според Синдикатот, е по неисполнетото барање за смена на раководството, кое вчера подели 10 суспензии на вработени од кои најголемиот дел членови на Синдикатот.
-
Економија 23.03.2018 10:44
Зголемен интерес за ново производство на тутун
Тутунарите се подготвуваат за новата реколта. Најдоцна до 31-ви март, пред да склучат договориза откуп, мораат да го пријават новото производство за оваа година.
-
Економија 22.03.2018 16:21
Земјоделците бараат законски измени за формирање задруги
Земјоделците бараат измени во Законот за персонален данок за задругите и за задружна ревизија. Асоцијацијата вели дека ова се дел од причините за слабиот интерес за формирање задруги, за кои сметаат дека се најдобриот модел за економски бенефит и рурален развој.
-
Економија 22.03.2018 10:30
Органската храна без сигурен пласман и откуп
Покрај тоа што во Македонија се регистрирани повеќе од 500 производители на органска храна, во супермаркетите понудата на домашни органски производи е мала.
-
Економија 21.03.2018 15:19
Анекс на договорот за автопатот Кичево- Охрид
Кинеската корпорација „Синохидро“ доби од Владата дополнителен рок од 39 месеци за да ја заврши автопатската делница од Кичево до Охрид. Краен рок ќе биде 30-ти јуни 2021-ва година.
-
Економија 21.03.2018 14:18
Преку блок трансакција продадени 298.003 акции на Комерцијална банка
Во блок трансакција денеска на Берзата истргувани се 298.003 акции издадени од Комерцијална банка- АД Скопје, по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 1.117.511.250 денари, соопштија денеска од банката.
-
Економија 21.03.2018 12:04
Заврши откупот на тутун- просечна цена 217,6 денари за килограм
Во рамки на предвидениот законски рок, заврши откупот на тутун од реколтата за 2017-та година. Откупени се вкупно 23.559.122 килограми тутун, со просечна откупна цена од 217,60 денари за килограм, информираат од Владата и додаваат дека откупениот тутун е во целост исплатен.
-
Економија 21.03.2018 10:27
Ќе се надоградува мрежата за прибирање податоци од земјоделските стопанства
Прецизни податоци за рентабилноста на фармите, производствените трошоци и остварените приходи, се дел од таканаречената ФАДН, односно националната мрежа за прибирање сметководствени податоци од земјоделските стопанства.










