Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Париз се обрати на настан за промоција на македонските вина, во рамки на работната посета на Франција.
-
Економија 11.02.2026 15:37
-
Економија 11.02.2026 13:24
ССМ утре продолжува со протестите, најавена блокада пред Стопанската комора
Сојузот на синдикати утре продолжува со најавените протести за зголемување на минималната плата на 600 евра. По вчерашната блокада пред Собранието, утре ќе застанат пред Стопанската комора и одново ќе побараат повеќе пари на сметките на работниците.
-
Економија 11.02.2026 11:44
Девизните резерви во јануари зголемени за 675,3 милиони евра
Девизните резерви на крајот на јануари годинава изнесувале 5.600,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 675,3 милиони евра, објави Народната банка.
-
Економија 10.02.2026 18:54
Cavo Otomotiv планира инвестиција во ТИРЗ Тетово со над 400 нови работни места
Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски денеска оствари средба со Кемал Аманоел, главен менаџер на мултинационалната компанија Cavo Otomotiv, која планира отворање фабрика во рамки на ТИРЗ Тетово, инвестиција што би донела над 400 нови работни места.
-
Економија 10.02.2026 16:45
Протест на Сојузот на синдикати на Македонија со блокада на зградата на Собранието
„Доста ни се трошки сакаме плата“ е една од пораките на работниците кои протестираа пред законодавниот дом. Блокадата е одговор на заглавениот закон за зголемување на минималната плата – велат од ССМ. Не се исполни очекувањето минималната плата да се најде на дневен ред на собраниската седница.
-
Економија 10.02.2026 14:54
Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 4%
Извршниот одбор на Народната банка, на редовната седница одржана денеска, одлучи да ја задржи основната каматна стапка на постојното ниво, при што каматата на благајничките записи останува 4%.
-
Економија 10.02.2026 11:02
Во четвртиот квартал лани 1.004 новоизградени станови, над 26.000 во фаза на градба
Во периодот од октомври до декември 2025 година на територијата на државата регистрирани се 1.004 новоизградени станови од инвеститор, што е за 159 повеќе во однос на претходниот квартал, покажуваат податоците од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности.
-
Економија 10.02.2026 09:20
Сојузот на синдикати на Македонија со блокада пред Собранието
Сојузот на синдикати на Македонија ја почна најавената блокада на Собранието. Минималец од 600 евра, за 100 евра зголемување на преостанатите плати, намалување на платите на функционерите, ова се пораките кои синдикалците сакаат да ги упатат до народните избраници.
-
Економија 10.02.2026 08:04
Синдикатите со блокада пред Собранието
ССМ ќе го блокира пристапот до Собранието. Целта е директно на народните избраници да им ги соопштиме барањата – повисок минималец, зголемување на сите останати плати, намалување на функционерските, изјави Трендафилов.
-
Економија 09.02.2026 17:11
ССМ утре ќе го блокира пристапот до Собранието
Пратениците први ќе се соочат со гневот на работниците – велат од ССМ и повикуваат на протест со блокада утре во 9 часот на Собранието и на улиците „Даме Груев“ и „11 Октомври“, бидејќи според нив, пратениците го блокираат законот за минимална плата со тоа што една година го чуваат во фиока.










