Министрите за транспорт и внатрешни работи и заменик-министерката за европски прашања, Николоски, Тошковски и Трајков на онлајн состанокот со директорката на Директоратот за проширување, Валентина Суперти разгледувале долгорочни решенија за надминување на проблемите со превозниците од Западен Бал
-
Економија 03.02.2026 18:48
-
Економија 03.02.2026 17:58
ССМ најави блокади
Сојузот на синдикати започнува со блокади. Први на удар ќе се пратениците и на 10-ти февруари нема да можат да отидат на работа, оти ќе биде блокирано Собранието. ССМ ова го прави во знак на револт, оти не се одѕвале на апелите за носење на законите за раст на платите.
-
Економија 03.02.2026 17:28
Почна спроведувањето на Законот за сезонски работници
Невработени, студенти, ученици и пензионери можат да работат како сезонски или привремени работници без да го изгубат правото на социјална заштита, пензија или други бенефиции.
-
Економија 03.02.2026 16:02
Димитриеска-Кочоска: Владата нема да дозволи намалување на најниските плати
Ставот на Владата дека Општиот колективен договор треба да претрпи измени беше исправен затоа што како Влада треба да биде одговорна кон сите граѓани и не може да дозволи да има намалување на платите, особено кај оние со најниски примања во администрацијата.
-
Економија 03.02.2026 13:30
Онлајн состанок за барањата на транспортерите
По блокадите на транспортерите поради системот за влез и излез од ЕУ, министрите од шесте држави од Западен Балкан на состанок со европските претставници. Состанокот е во онлајн формат. Се бара прагматично решение со новата стратегија за визи. -
Економија 03.02.2026 13:23
Борба за повисоки плати
В четврток напладне, Владата седнува на маса со синдикатот на УПОЗ. Разговори за зголемување на платите на административците за 40 проценти. Засега, ништо од барањата на ССМ за минималец од 600 евра. Се очекува Трендафилов да ги каже идните чекори.
-
Економија 03.02.2026 13:20
Закон за ангажирање сезонски работници
Почна спроведувањето на Законот за работно ангажирање на лица. Преку него ќе можат да се ангажираат пензионери, студенти и социјални случаи, без да ги загубат веќе стекнатите права. Во Владата претходно имаше промотивен настан за овој закон.
-
Економија 03.02.2026 08:01
Во Брисел министерски состанок за транспортерите
По бурните протести на граничните премини и блокадите кои предизвикаа милионски загуби, во Брисел денеска министерски состанок на европската комисија со земјите од Западен Балкан. Ќе се бара решение за проблемот со престојот на професионалните возачи од регионот во Шенген-зоната.
-
Економија 02.02.2026 18:16
В четврток платите на маса пред Владата и УПОЗ
В четврток попладне синдикалците ќе седнат на иста маса со премиерот и министрите и ќе преговараат за раст на платите, потврдија од Владата.
-
Економија 02.02.2026 13:57
Од полноќ повисока цена на дизел горивата
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).










