До Агенцијата за вработување досега пристигнале 816 барања од стечајни работници за исплата на надоместок, согласно неодамна донесениот Закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна државна сопственост.
-
Економија 26.09.2017 13:00
-
Економија 26.09.2017 10:59
АВРМ ќе информира за примената на Законот за стечајци
Агенцијата за вработување на прес- конференција денеска ќе информира детално за примената на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.
-
Економија 25.09.2017 15:22
ЕЛЕМ ќе настојува да набави сопствена механизација за ископ на јаловина и на јаглен
Менаџментот на ЕЛЕМ ќе настојува што поскоро да набави сопствена механизација неопходна за ископ на јаловина и на јаглен, со што ќе нема потреба за таа цел да се ангажираат надворешни компании за што се плаќаат високи износи кои со сериозен процент учествуваат во регулираната цена на електричната
-
Економија 25.09.2017 14:49
Законски измени: Храната да се донира наместо да се фрла
Храната да се донира наместо да се фрла- oва се предвидува со законските измени на Законот за храна кои треба да бидат донесени до почетокот на идната година. Законот ќе ги опфати најпрво маркетите, добавувачите и производителите, а потоа и рестораните, и домаќинствата.
-
Економија 25.09.2017 10:46
Почнува усогласувањето на броилата за евтината дневна тарифа
ЕВН Македонија од денеска ќе почне да ги усогласува броилата на потрошувачите по одлуката на Владата за враќање на евтината дневна тарифа од 1-ви октомври.
-
Економија 22.09.2017 16:10
Раководството на „Санос“ тврди дека компанијата работи успешно
Компанијата „Санос“ не е поврзана со перење пари, ниту пак, досега примила денар државна помош или пак, субвенции, изјави директорот на фабриката Славе Распашковски, сопственик на „Санос“ и на фирмата „Унитајерс“ која во 2004-та ја презеде скопската фабрика за автобуси.
-
Економија 22.09.2017 15:04
Ќе се подготвува Национален оперативен план за брз и супер брз интернет
Потребен е развој на брзите и супербрзите електронски комуникациски мрежи за да се намали јазот меѓу урбаните и руралните делови. Надлежните на заедничка маса со операторите.
-
Економија 22.09.2017 14:54
Се бара решение за „Фени“
ВМРО-ДПМНЕ не отстапува- вицепремиерот Анѓушев и фирмата во негова сопственост ЕДС имаат вина за лошата состојба во кавадаречки „Фени“. Тврдат дека е доведена во прашање егзистенцијата на илјада луѓе. Се сомневаат дека се испреплетени разни бизнис- интереси.
-
Економија 21.09.2017 16:49
„Акомпласт“ отвори погон за производство на автомобилски делови во Прилеп
Германската компанија „Акомпласт“ и официјално ја почна својата инвестиција во технолошко- развојната зона Алинци кај Прилеп. Преку компанијата- ќерка „Инџекшн Молдинг- Прилеп“ го почнува производството на пластично моделирани делови за автомобилската индустрија во Европа.
-
Економија 21.09.2017 16:14
Споровите од мала вредност да се решаваат во брза постапка
За земјите на Западен Балкан е карактеристичен релативно краткиот рок за застарување на побарувањата за неплатени комунални услуги од физички лица. Овие побарувања се и најмногубројни меѓу т.н. мали побарувања.










