Индустриското производство во првите два месеца од годинава во однос на истиот перод лани е намалено за 1,9 проценти. Во февруари годинава споредено со февруари минатата година намалувањето изнесува 1,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
-
Економија 31.03.2017 13:47
-
Економија 31.03.2017 11:42
Вработените во Југохром со писмо до Димитриев- бараат да се рестартира комбинатот
Синдикатот на вработените во Југохром со писмо до премиерот Димитриев бараат да се донесе одлука за рестартирање на работата на Комбинатот.
-
Економија 30.03.2017 16:47
Бизнис конфедерација: Што поскоро да заврши политичката криза
Компаниите тактизираат, не реализираат инвестиции, бизнисот бара правна сигурнсот. Порачува, политичката криза да заврши, да се донесат нови мерки за подбрување на бинзис- климата во државава.
-
Економија 30.03.2017 15:41
Скопскиот регион најбогат, во североисточниот најмалку се инвестира
Истражувањата за ефектите од политиките на рамномерен регионален развој покажуваат дека и натаму Скопскиот регион во кој живее 1/3 од жителите во државата креира дури 43% од БДП на земјава, додека само уште два региона имаат БДП по жител поголем од просекот.
-
Економија 30.03.2017 12:33
Мисалјовски на средби со „Туркиш Ерлајнс“ и ТАВ за авиолинија од Македонија до САД и Канада
Министерот за транспорт, Владо Мисајловски, на средби со првите луѓе на „Туркиш Ерлајнс“ и со менаџментот на ТАВ во Истанбул. Разговарано е за можноста за воспоставување интерконтинентални авиолинии од Македонија до САД и до Канада.
-
Економија 29.03.2017 16:34
Македонија ќе извезува говедско месо во ЕУ
Македонија ќе може да извезува свежо говедско месо во ЕУ. Од месецов, земјава и официјално е ставена на листата на извознички, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
-
Економија 29.03.2017 15:32
Расте бројот на туристи во Македонија
Ако лани земјава ја посетиле над 856 илјади туристи, годинава се очекува оваа бројка да надмине милион, велат од Туристичко- угостителската комора. Оттаму објаснуваат дека дел од неопределените, европски и руски туристи се очекуваат да пристигнаат во Македонија.
-
Економија 29.03.2017 14:42
Форум за работата и работните места во иднината
Синдикалците прават пресметки- како промените кои ги носи напредокот на телекомуникациите и на интернетот ќе влијаат врз работните места и дали ќе дојде до процес на отпушање работници. Бараат стандардни работни односи, бидејќи е сѐ поголем бројот на оние кои имаат нестандардни работни места.
-
Економија 29.03.2017 12:18
Поповски: Македонија ќе извезува говедско месо во ЕУ
Македонија и официјално е ставена на листата земји кои може да извезуваат свежо говедско месо во Европската унија, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски.
-
Економија 29.03.2017 11:31
Едукативни предавања и посети за финансиска писменост на млади
Со цел подигнување на финансиска писменост кај младото население Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија од 27-ми март до 7-ми април годинава организира едукативни посети на финансиски институции и предавања за деца и млади од областите на парите, шт










