Нови 600 хектари државно земјоделско земјиште во регионите на Виница, Битола, Гевгелија, Ресен, Струга, Кавадарци, Кратово и Кочани одат под закуп.
Времетраењето за користење на земјиштето ќе биде различно.
Нови 600 хектари државно земјоделско земјиште во регионите на Виница, Битола, Гевгелија, Ресен, Струга, Кавадарци, Кратово и Кочани одат под закуп.
Времетраењето за користење на земјиштето ќе биде различно.
Грозјето годинава ќе биде целосно откупено- тврди министерот за земјоделство. Николовски се сретна со претставници на винарските визби, тие му пренесоа дека се соочуваат со финансиски проблеми и залихи. Годинашниот род е со подобар квалитет, но поради измрзнувањето има помал принос.
Oд октомври директна врска Скопје- Минхен. Новата линија ќе ја оперира нискотарифната авиокомпанија „Еуровингс“, членка на групацијата „Луфтханза“. Ќе лета двапати неделно до главниот аеродром во овој град. Најниските цени за авионските билети ќе се движат околу 40 евра.
Секој млад земјоделец кој почнува сопствен бизнис и кој е запишан во Единствениот регистар на земјоделски стопанства не повеќе од 18 месеци, може да побара државна финансиска поддршка до 10.000 евра.
Македонска Пошта треба да подготви програма за намалување на непродуктивни трошоци и во рок од два месеца да ја достави до Владата, одлучено е на вчерашната владина седница.
Вкупно на огласот се понудени скоро 860 хектари во Неготино, Берово, Пробиштип, Кисела Вода, Кичево и во Прилеп. Нивите можат да се користат за одгледување на едногодишни и повеќегодишни култури, за лешници и за рибници. Времетраењето на закупот е од 15 години до 70 години.
Поповолна оценка за состојбата на фирмите во преработувачката индустрија во јули споредено со јуни годинава и во однос на јули лани изнеле раководителите на фирмите.
Во јуни годинава се издадени 230 одобренија за градење што е за 16,1 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Со нив е предвидена изградба на 927 станови со вкупна корисна површина од 68.433 метри квадратни.
Претседателот Ѓорге Иванов доцна синоќа во законскиот рок го потпишал указот на Законот за ребаланс на буџетот за 2017 година.
Потпишаниот указ е вратен во собраниските служби, по што следува негово објавување во Службен весник и стапување нa сила на ребалансот.
Прометот во индустријата во јуни годинава во однос на истиот месец лани е зголемен за 9,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.