Управата за јавни приходи отвори дополнителни шалтери во Скопје за поднесување годишна даночна пријава. Лоцирани се во приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници, во зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија.
-
Економија 01.03.2017 11:06
-
Економија 01.03.2017 10:26
Русите го бараат македонското сирење и кашкавал
Со потпишувањето на меморандумот за соработка на нашите со руските фитосанитарни власти почна извозот на првите пратки на македонските млечни производи на овој голем пазар.
-
Економија 28.02.2017 16:25
Нови три авиолинии од Скопскиот аеродром
Со новите три авиолинии кон Малта, Рим, Ваксој Шведска, Македонија воздушно се поврзува со 35 европски метрополи, со Дубаи и Доха. „Виз Ер“ оперира кон 29 дестианции, ја поврзува земјава со 13 земји. Генерално превезува 54,8 насто од вкупниот број патници.
-
Економија 28.02.2017 14:27
Побарувaчката на нови станови расте, не се очекува пад на цената
Политичката криза не влијае на продажбата на станови- велат градежниците. Објаснуваат дека цените се стабилни и оти не се очекува да се намали цената на квадратот.
-
Економија 28.02.2017 11:28
НБРМ: Лани влегле 358,5 милиони евра странски директни инвестиции
Народната банка ги објави годишните податоци. Лани во Македонија влегле странски директни инвестиции во износ од 358,5 милиони евра, за 141,7 милиони повеќе од претходната година.
-
Економија 28.02.2017 10:18
Откупот на тутун поголем од очекуваниот
Завршува откупот на тутунот. Поголем дел од монополите ги затворија откупните пунктови.
Доколку во некое населено место има сеуште тутун за предавање, тутунарите треба да го известат откупувачот и да се договорат за времето и местото за превземање.
-
Економија 28.02.2017 08:11
Саем за градежништво и недвижности во Скопје
Од денеска до 4 март во три саемски хали на Скопскиот саем ќе се одржи 14. Меѓународен саем на градежништво, градежни материјали и градежна механизација и 7. RealExpo - Меѓународен саем на недвижности.
-
Економија 27.02.2017 16:38
Електронски увид во содржината на градежната парцела
Информации за секоја градежна парцела, за нејзината сопственост, содржина, што е изградено или предвидено да се гради, податоците се електронски достапни во Графичкиот регистар на градежно земјиште. Покрај графичкиот приказ има информации и за продажната цена на имотот и објектите во околината.
-
Економија 27.02.2017 16:29
Странските инвеститори имаат потреба од стручен кадар, субвенциите даваат ефекти
Моделот на привлекување на странски директни инвестиии по пат на субвенции е неопходен, пред сѐ поради енормната конкуренција од земјите во регионот, смета Штефан Петер претседател на Советот на странските инвеститори во земјава.
-
Економија 27.02.2017 14:57
Нова електронска услуга на Катастарот
Со новата електронска услуга за графички катастар граѓаните ќе имаат увид во урбанистичките планови на државава и во регистарот на градежно земјиште. Достапни се информации за секоја градежна парцела, за нејзината содржина, дали е истата слободна или е веќе реализирана.









