Климентина Јагуриноска и Николче Василоски од прилиепско Големо Коњари трудољубиво се обучиваа со вештини како да стигнат до работно место и да му дадат смисла на животот. Ќе добијат и возачки дозволи за да ја збогатат личната биографија.
-
Економија 04.04.2017 16:28
-
Економија 04.04.2017 12:38
Извозот во јануари и февруари поголем за 7,2 проценти
Во првите два месеца од Македонија се извезени стоки за 7,2 проценти повеќе од тој период лани. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки во овие два месеца изнесува 747.106.000 американски долари.
-
Економија 03.04.2017 15:09
Компаниите за заштита при работа бараат слободниот пазар да ги одредува цените
Доколку сакаме да овозможиме давање квалитетни услуги и поадекватни услови за побезбедна работа на вработените ќе мора да се овозможи вистинска конкуренција во секторот за безбедност и здравје при работа.
-
Економија 03.04.2017 15:00
Отворен Саемот за вработување и кариера, се бара свеж кадар
35 домашни и странски компании преку Саемот за вработување бараат свеж кадар, студенти од техничките факултети. Нудат можност за практиканство, обуки, но и за вработување.
-
Економија 03.04.2017 12:53
Бензините со иста цена, дизелот поевтинува за 1,5 денари
Бензините со иста цена, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат за 1,5 денари. Регулаторната комисија за енергетика ја направи пресметката. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и во идниве две недели ќе се продаваат за 65, односно 67 денари за литар.
-
Економија 03.04.2017 12:03
Нова авионска линија од Скопје до Будимпешта
Директен лет од Скопје до Будимпешта. Од среда нискобуџетската „Виз Ер“ од аеродромот „Александар Велики“ до унгарската престолнина ќе сообрака два пати неделно.
-
Економија 03.04.2017 11:03
Он- лајн рекламирањето во пораст
Македонските компании се повеќе употребуваат нов маркетинг пристап. Своите буџети ги пренасочуваат кон он- лајн рекламирањето. Иновациите во ова поле ги донесе и популаризацијата на социјалните мрежи. Брендовите и потрошувачите интерактивно се поврзуваат. Производите побрзо се продаваат.
-
Економија 03.04.2017 10:45
Поволни станбени кредити- раздвижен пазар за градба
Да се обезбеди покрив над главата е главното егзистензијално прашање за семејството. Во овие турболентни времиња банките и статистичарите од Народна банка тврдат: за преку 14 проценти се зголемил бројот на станбени кредити. Што значи тоа за реалниот живот?
-
Економија 31.03.2017 16:08
Поефикасно и поевтино, спогодбено наместо судско решавање на работните спорови
Спогодбено решавање на колективните и индивидуални работни спорови е побрзо поефикасно, судските постапки траат со години. Ангажирањето на 40 лиценцирани помирувачи и арбитри ќе го забрза овој процес.
-
Економија 31.03.2017 13:47
Намалено индустриското производство
Индустриското производство во првите два месеца од годинава во однос на истиот перод лани е намалено за 1,9 проценти. Во февруари годинава споредено со февруари минатата година намалувањето изнесува 1,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.










