Од вкупно десет, досега шест монополи го почнаа откупот на тутунот. Другите четири имаат рок тоа да го сторат до 15-ти декември.
-
Економија 02.12.2016 10:21
-
Економија 01.12.2016 13:17
Почна исплатата- пензиите зголемени линеарно за 5%
Почна исплаќањето на ноемвриските пензии, зголемени линеарно за 5 насто. Околу 300 илјади пензионери во земјава треба да добијат повисоки пензии за околу 700 денари.
-
Економија 01.12.2016 10:33
ОПЕК ќе го намали прозиводството на нафта
Членките на Организацијата на државите извознички на нафта (ОПЕК) ќе го намалат производството на нафта за да расте цената на светските берзи.
Дневното производство ќе се намали за 1,2 милиони барели, почнувајќи од јануари идната година.
-
Економија 30.11.2016 15:43
Пари од ЕИБ за иновативни мали и средни бизниси
До 2020- тата, малите и средни бизнис во Европа ќе имаат на располагање 24 милијарди евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за кредитирање на иновативни проекти. Дел од средствата се наменети и за македонските компании.
-
Економија 30.11.2016 15:11
За девет месеци 199,08 милиони евра директни инвестиции
Директните инвестиции во Република Македонија во првите девет месеци од годинава изнесуваат 199,08 милиони евра, објави Народната банка на Република Македонија.
-
Економија 30.11.2016 13:18
ССК: Нови средства за иновативни проекти од ЕИБ
Малите и средни бизниси со иновативни проекти може да аплицираат за средства од Европска инвестициска банка (ЕИБ)- иноформираат од Сојузот на стопански комори (ССК). До 2020-та година, 24 милијарди евра ќе бидат наменети за истражување и иновации во Европа.
-
Економија 29.11.2016 14:23
Рамен или прогресивен данок- експертите со поделени ставови
Дали рамниот или прогресивниот даночен концепт е посоодветен за граѓаните? Како и за сѐ друго, мислењата на експертите и партиите со поделени. Ги фалат предностите на нивниот концепт, но препорачуваат, освен стапките, да се земат предвид и други елементи поврзани со оданочувањето.
-
Економија 29.11.2016 12:52
Пад на индустриското производство во октомври
Индустриското производство во октомври 2016 година, во однос на октомври лани бележи опаѓање за 3,6 проценти, а во периодот јануари-октомври 2016 во однос на тој период лани има зголемување за 4,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.
-
Економија 29.11.2016 10:24
Финансиска поддршка за плати на овчарите
За чување и пасење на овци, кози или говеда на ливади кои се наоѓаат на надморска височина поголема од 700 метри сточарите можат да поднесат барање за субвенционирање на платите.
-
Економија 28.11.2016 12:56
Бензините поскапуваат за 2, дизелот за 1,5 денари
Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за два денара.










