Откуп на земјоделски производи можат да вршат само правни лица кои се регистрирани за трговија и за преработка во министерството за земјоделство. Секое од нив нај доцна до 31-ви март треба да ги достави податоците за планираниот откуп оваа година и за купеното лани.
-
Економија 10.03.2017 10:19
-
Економија 09.03.2017 16:16
РКЕ од 1-ви јануари ќе ја утврдува цената на водата
Регулаторна ги скрои методологијата и тарифникот за утврдување на цената на водата која треба да ја применуваат јавните комунални претпријатија и водостопанствата.
-
Економија 09.03.2017 15:59
Потребна е поголема поврзаност на странските инвеститори со домашните бизнисмени
Странските инвестииции не се разочарување по бројот и обемот смета универзитетскиот професор Беџети. Според него проекциите биле промашени, а не очекувањата, бидејќи македонската економија е лимитирана економија и по куповната моќ и по технологијата.
-
Економија 09.03.2017 14:23
Раст на БДП од 2,4% во четвртиот квартал од 2016-та
Бруто-домашниот производ во последниот квартал од 2016-та се зголеми за 2,4 проценти- објави Државниот завод за статистика. Вкупно, во 2016-та година е забележан раст на БДП од 2,4 проценти.
-
Економија 09.03.2017 13:06
Стапката на невработеност падна на 23,1%
Стапката на невработеност во Македонија се спушти на 23,1 процент- соопшти Државниот завод за статистика. Објавени се новите податоци, заклучно со последниот квартал од минатата година.
-
Економија 09.03.2017 10:13
Повисоки цени на зелените пазари во февруари
Домати повеќе од 100 денари, краставиците скоро 200, килограм марула и до 250 денари на тезгите во маркетите. Вака главно изгледаше ценовникот на заленчукот минатиот месец.
-
Економија 08.03.2017 15:21
КСС: Еднакви плати за жените и мажите
Освен недостапноста во вработувањето на одредени позиции, жените се жалат и на потценување на нивниот труд, нееднаквост во платите за иста работа со мажите. Конфедерацијата на слободни синдикати смета дека жените во земјава заработуваат за 12,5% помалку од мажите.
-
Економија 08.03.2017 14:53
Мерките за вработување даваат резултати
Компаниите ги користат мерките за вработување, и домашните и странските. Белгиската „М- Стил“ за две години има вкупно 42 вработени, 11 преку проектот „Македонија вработува 2“.
-
Економија 08.03.2017 13:19
За иста работа жените во просек заработуваат за 12,5% помалку од мажите
Податоците покажуваат дека жените во просек заработувааат 12,5 насто помалку во однос на мажите за иста работа- велат од секцијата на жени од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија.
-
Економија 07.03.2017 15:34
Метеж на шалтерите: Последна недела за даночна пријава
Метеж пред шалтерите на Управата за јавни приходи. Уште една недела останува до истекот на крајниот рок, 15-ти март, до кога даночните обврзници треба да ги достават годишните пријави. Досега се пристигнати 220.000 пријави, најмногу се поднесени во Скопје.










