Странските инвеститори во автомобилскиот сектор и нивните добавувачи од Македонија заедно ќе ги промовираат интересите. За извозно ориентираните компании, зголемениот процент репроматеријали- заштеда, за домашните фирми, можност да зголемат учеството во извозот.
-
Економија 31.10.2016 17:02
-
Економија 31.10.2016 16:00
Објавени податоците за државниот и јавниот долг
Министерството за финансии ги објави податоците за долгот на Македонија. Заклучно со третиот квартал од годинава, државниот изнесува 41,9 проценти од БДП, додека јавниот 50,6 проценти.
-
Економија 31.10.2016 15:00
Банкарскиот сектор стабилен и ликвиден, штедните влогови сигурни
Во банките има околу 5 милијарди евра, пари на граѓаните и на компаниите. Депозитите се зголемуваат. На Светскиот ден на штедењето, од Здружението за банкарство посочија дека банкарскиот сектор е стабилен, сигурен и ликвиден, има подготвеност за позасилено кредитирање.
-
Економија 31.10.2016 12:45
Цените на бензините и дизелот остануваат исти
Малопродажните цени на бензините и на дизел горивата ќе останат непроменети и во наредните 14 дена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
-
Економија 31.10.2016 10:23
Граѓаните имаат депозити од 3,5 милијарди евра
И покрај кризата, изминативе години штедењето на населението постојано се зголемува. Денеска е светскиот ден на штедењето, а според податоците на Народна банка, во домашните банки и штедилници граѓаните имале депозити од речиси 3,5 милијарди евра или за три пати повеќе од пред 10 години.
-
Економија 31.10.2016 08:17
Светски ден на штедењето
По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври, во Стопанската комора на Македонија седница ќе одржи Здружението на банкарство.
-
Економија 30.10.2016 10:37
Формирана Асоцијација на автомобилската индустрија
Стопанската комора на Македонија иформира дека во рамки на Советот на странски инвеститори е формирана Асоцијација на автомобилската индустрија.
Асоцијацијата ќе биде промовирана утре, а за нејзин претседавач е избран Аврам Стојчевски.
-
Економија 28.10.2016 14:51
Раст на индустриското производство за 5,4% во првите девет месеци
Индустриското производство во септември годинава, во однос на септември лани бележи раст од 4,6 отсто, додека за периодот јануари - септември 2016 година, во однос на јануари - септември 2015 година, растот изнесува 5,4 проценти, објави Државниот завод за статистика.
-
Економија 28.10.2016 12:54
Нова авионска линија Скопје- Хановер
Скопје- Хановер е новата линија која од 31-ви октомври ќе сообраќа од Аеродромот Александар Велики, а билетите ќе се резервираат по цени почнувајќи од 899 денари за билет во еден правец, соопштија денеска од ТАВ и Виз ер.
-
Економија 28.10.2016 11:54
Груевски во Лондон на средба со раководниот тим на КПМГ
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски со партиска делегација е во Лондон.









