Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно ги мина квалификациите на Челинџер 75 турнирот што се игра во јапонскиот град Јокохама.
Тенис
Блог вести
-
Тенис 20.11.2023 10:48
-
Тенис 19.11.2023 20:24
Седма титула на Новак на АТП финалето
Новак Ѓоковиќ постави уште еден рекорд во својата богата кариера, освојувајќи го АТП финалето по седми пат. Во вечерашното финале во Торино, тој го совлада Јаник Синер со 6:3, 6:3 и се оддели од Роже Федерер, кој има шест триумфи на завршните турнири на сезоната.
-
Тенис 14.11.2023 14:58
Ѓоковиќ по осми пат ќе ја заврши сезоната како светски рекет број еден
Новак Ѓоковиќ го победи Холгер Руне во првото коло од групната фаза на Завршниот АТП турнир со 2:1, по сетови 7:6 (4), 6:7 (1) и 6:3.
По оваа победа, 36-годишниот Србин си го загарантира првото место на АТП ранг-листата по крајот на сезоната.
-
Тенис 10.11.2023 10:49
Ѓорческа обезбеди четвртфинале на фјучерсот во Ираклион
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на фјучерсот во грчкиот град Ираклион, откако во второто коло ја победи Шпанката Андреа Лазаро Гарсија со 2-0 во сетови (7-5, 6-0).
-
Тенис 02.11.2023 08:59
Ѓоковиќ со победа против Ечевери во АТП Мастерс серијата во Париз
Новак Ѓоковиќ првиот светски рекет, вчера го победи Аргентинецот Томас Мартин Ечевери во второто коло на турнирот од АТП Мастерс серијата во Париз.
-
Тенис 30.10.2023 11:38
На АТП листата Ивановски повторно со најдобар ранг
Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно го има најдобриот свој ранг. На денеска објавената АТП листа Ивановски се наоѓа на 305-то место со 176 поени или скок за три места.
-
Тенис 27.10.2023 12:12
Алкараз ќе настапи на Мастерсот во Париз
Светскиот рекет број 2, Карлос Алкараз, најави дека ќе настапи на Мастерс турнирот од серијата 1000 во Париз, кој е на програмата од 30 октомври до 5 ноември.
Алкараз ќе настапи и на завршниот Мастерс на кој ќе се соберат најдобрите осум светски тенисери од 12 до 19 ноември во Торино.
-
Тенис 03.10.2023 12:11
Лина Ѓорческа се врати меѓу најдобрите 200 тенисерки на ранг-листата
Лина Ѓорческа се врати меѓу најдобрите 200 тенисерки на ранг-листата на Женската тениска асоцијација (ВТА), откако од вчера е на 186-та позиција. Нејзиниот најдобар пласман во кариерата е на 170-то место, остварен во јуни 2017 година.
-
Тенис 01.10.2023 14:18
Титула за Ѓорческа на фјучерс во Србија
Тенисерката Лина Ѓорческа го освои фјучерсот во Куршумлиска бања, откако денеска во финалето ја совлада Антонија Ружиќ од Хрватска со 2-0 во сетови (6-3, 6-3).
-
Тенис 29.09.2023 10:48
Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Србија
Лина Ѓорческа, најдобрата македонска тенисерка, се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Куршумлиска Бања во Србија.
Македонката славеше во дуелот против домашната претставничка Миа Ристиќ.







