Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорчевска го мина првото коло на Фјучерс турнирот во Анталија со награден фонд од 10.000 долари.
За пласман во осминафиналето моментно 499-та на ВТА листата, ја елиминираше домашната тенисерка Мелиса Гизем Атеш во два сета, убедливо со 6-1 и 6-1.










