Се прават последните подготовки пред Бадник и Божик. Граѓаните ги купуваат потребните намирници. На пазарите радвижено. На влезот се продаваат Бадникови гранчиња.
Секоја година вака носите?
-Секоја година ни е традиција.
Се прават последните подготовки пред Бадник и Божик. Граѓаните ги купуваат потребните намирници. На пазарите радвижено. На влезот се продаваат Бадникови гранчиња.
Секоја година вака носите?
-Секоја година ни е традиција.
Обилни врнежи од дожд за утре попладне најавува Управата за хидрометеролошки работи. Локално се очекува да наврнат и над 30 литри на метар квадратен.
Надворешно-трговската размена на Република Македонија во периодот јануари - ноември 2015 година изнесувала 9.935.210.000 долари. Вкупната вредност на извозот е 4.123.350.000, а на увозот 5.811.860.000 долари, соопшти Државниот завод за статистика.
Првиот ден Божик - 7 јануари, кој се паѓа во четврток, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија согласно Законот за празници.
Организацијата на потрошувачи ги сумираше резултатите од 2015-та година. Најголем дел од поплаките, 13 проценти, се однесувале на проблеми со остварување на правата од гаранција за технички производи, особено за мобилните телефони.
Изобилните снежни врнежи ја парализираа Tурција. Прекината е наставата во една третина од училиштата низ земјата. Откажани се голем број летови.
Седум лица загинале во сообраќајна несреќа. Автобус ја изгубил контролата и излетал од автопатот.
Намалена видливост поради појава на магла има на патните правци Свети Николе – Куманово и Велес – Катланово до 50 метри и Куманово – Страцин од 50 до 100 метри, соопшти АМСМ.
Од речиси милион и двесте илјади предмети примени во Катастарот, само 0,2 проценти останале нерешени. Дигитализирани 99,4 проценти од територијата на Македонија. Поедноставена постапката за утврдување на меѓи, со што граѓаните заштедли 8,5 милиони евра.
САД соопштија дека ја предупредиле Саудиска Арабија на можните последици од масовните погубувања, особено за погубувањето на шиитскиот свештеник Нимр Ал Нимра.
Постапувајќи по констатираните неправилности, во декември минатата година Царинската управа на Република Македонија до надлежните јавни обвинителства поднесе 4 кривични пријави, против 4 физички лица и едно правно лице.