Од безбедносни причини, Црвениот плоштад во Москва, на 31-ви декември за прв пат ќе биде затворен.
Жителите на Русија и туристите кои традиционално ја дочекуваат Новата година на плоштадот, оваа година нема да можат да прославуваат.
Од безбедносни причини, Црвениот плоштад во Москва, на 31-ви декември за прв пат ќе биде затворен.
Жителите на Русија и туристите кои традиционално ја дочекуваат Новата година на плоштадот, оваа година нема да можат да прославуваат.
Најмалку четворица загинаа, неколкумина се повредени и исчезнати во свлечиште предизвикано од обилните дождови во предградие на Сао Паоло.
Три куќи целосно се уништени. Обилните дождови предизвикаа проблеми во сообраќајот, а неколку области се целосно под вода.
Белгиската полиција уапси две лица во различни делови од државата во неделата и понеделникот, осомничени дека планирале напади во Брисел за време на новогодишната вечер, соопштија денеска федерални обвинители.
За последните 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.895 странски државјани, од кои 1.261 се од машки пол, 606 се од женски, 1.017 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.
Изутрината околу 6 часот на железничкиот правец Богомила-Велес, на потегот од село Согле до село Теово, се случи железничка несреќа кога воз удрил во карпа, која најверојатно паднала на пругата.
За околу 270.000 ученици во основните и во средните училишта утре ќе почне зимскиот распуст.
Наставата од учебната 2015/2016 година ќе продолжи на 21 јануари 2016 година.
Скоро половина од родот на јаболкото досега е извезен на странскиот пазар. Двојно поголемиот род годинава влијае и врз висината на откупните цени кои во овој период се движат од 12 до 12,5 денари за килограм, но според овоштарите трговците се престроги во проценката на квалитетот.
Воздухот утрово е најзагаден во Тетово и во Скопје. Високи концентрации на ПМ10 честички во воздухот има и во Битола и Кичево.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по претежно суви коловози, освен на осојничавите места, информираат од Македонија пат.
Државата го заокружува големиот проект за изградба на локалната патна инфраструктура во Македонија тежок 65 милиони евра. Во преку 400 патишта се и двата нови во прилепско - до манастирот Света Петка во Лениште и до месноста Маркова чешма од 2,6 километри.