Довербата на граѓаните не е ослабена, туку зајакната. Време е за обнова и за самокритика. Ова по завршувањето на изборите го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од седиштето во Мала Речица. Рече дека неговата партија и коалицијата НАИ ја добиле довербата на народот со над 23.000 гласови предност.
Вести
-
Македонија 03.11.2025 15:48
-
Македонија 03.11.2025 15:33
УХМР: Попладне и утре врнежи од дожд и засилен ветер
Под влијание на влажна воздушна маса денес попладне, во текот на ноќта и утре ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со над 15 литри на квадратен метар и ќе има услови за појава на ретки грмежи.
-
Македонија 03.11.2025 14:55
Тешка сообраќајна несреќа на булеварот „Гоце Делчев“ – велосипедист загина, возачот избегал
Попладнево на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби велосипедист.
-
Свет 03.11.2025 14:49
Мирно и без инциденти утрово, по тензична ноќ пред српското Собрание
Одвреме навреме се собираат помали групи граѓани, студенти и средношколци во знак на подршка на една од мајките на починатите во трагедијата во Нови Сад, Дијана Хрка.
-
Македонија 03.11.2025 14:42
Локалните избори донесоа нов политички амбиент, се напушта праксата за гласање по етнички курс
Политичките аналитичари се едногласни дека локалните избори донесоа промени во вкупниот политички амбиент во кој се истиснува етничката гетоизација, а се наметнуваат политичките групации со слична идеолошка основа кои ќе се трудат да ги надминат етничките бариери.
-
Македонија 03.11.2025 14:34
Почна имунизацијата против грип со комерцијални вакцини, чинат 700 денари
Граѓаните кои не припаѓаат во ризичните категории, а сакаат да се заштитат од сезонскиот грип, можат да примат вакцина во центрите за јавно здравје низ државата. Почна имунизацијата со комерцијалните вакцини кои чинат 700 денари.
-
Македонија 03.11.2025 14:17
Контејнерите испразнети, сметот остана околу нив
Повеќето контејнери низ главниот град се веќе испразнети, но сепак може да се забележи на многу локации смет околу контејнерите.
-
Економија 03.11.2025 13:48
Повисока цена на горивата од полноќ
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
-
Македонија 03.11.2025 13:32
Обраќање на претседателот на ПССЕ
Во Собранието прва пленарна седница по паузата поради локалните избори. Пред пратениците обраќање на претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Теодорос Русопулос.
Игор Панов е во законодавниот дом.
-
Македонија 03.11.2025 13:22
СДСМ на своето конто додаде уште три општини, најавени кадровски промени
Социјалдемократскиот сојуз освои уште три градоначалнички места, вкупно шест на овие локални избори. Според претседателот на партијата Филипче, СДСМ останува втора партија по големина. Најави кадровски промени во раководството, но и партиски конгрес.










