Израелската влада ги суспендира контактите со функционери на ЕУ околу мировниот процес со Палестинците, како реакција на одлуката на Европската комисија за задолжително етикетирање на израелските производи, кои потекнуваат од еврејските населби на западниот брег.
Вести
-
Свет 30.11.2015 11:40
-
Свет 30.11.2015 11:24
Лондон: Нема мнозинство за напади врз Исламска држава
Британскиот министер за одбрана, Мајкл Фалон изјави дека владата во Лондон се уште нема обезбедено мнозинство во Долниот дом на Парламентот за поддршка на планот за вклучување на кралското воено воздухопловство во нападите на позициите на Исламска држава во Сирија.
-
Македонија 30.11.2015 11:15
МВР: За 24 часа издадени 1.941 потврди за азил
Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.941 странски државјани, од кои 1.069 се од машки пол, 305 се од женски, 491 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 76 деца кои патуваат без род
-
Економија 30.11.2015 10:33
Ветото ги загрозува исплатите од буџетот
Укинувањето на издавањето на државни записи, значи и укинување на механизмите за нормално и непречено реализирање на буџетот.
-
Македонија 30.11.2015 10:25
„Ало докторе“: 1.303 повици за една седмица
На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ изминатата недела (од 23 ноември до 29 ноември) имало 1.303 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.
Од 15 септември минатата година кога почна да работи линијата, досега, за медицински совет се јавиле 64.507 лица.
-
Македонија 30.11.2015 10:18
Закажаните прегледи ќе се извршуваат редовно на Денот на дрвото
В среда сите јавни здравствени установи ќе работат редовно и ќе се реализираат закажаните прегледи и интервенции, информираат од Министерството за здравство. Поради спроведувањето на акцијата „Ден на дрвото“ нема одложување и на закажаните хируршки интервенции.
-
Македонија 30.11.2015 10:15
Сообраќајот по наместа влажни коловози
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по наместа влажни коловози. Поради магла, намалена видливост до 50 метри има на патниот правец Охрид–Кичево, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
-
Македонија 30.11.2015 10:10
Ново продолжение на седницата за деловникот за Анкетната комисија
Во Законодавниот дом, ново трето продолжение на седницата на Анкетната комисија за прислушувањето. На дневен ред, деловникот за работа. Според претседателот на комисијата Шилегов, координациите даваат резултат и има напредок во усогласувањето на ставовите.
-
Економија 30.11.2015 10:06
Од денеска исплата на субвенции за 16 илјади земјоделци
Државата денеска треба да исплати нова тура субвенции во износ од 8,5 милиони евра. Како што најави премиерот Никола Груевски вчера, ќе бидат опфатени 16.000 земјоделци.
Средствата се наменети за 6.000 млекопроизводители и 10.000 се од делот поледелство.
-
Свет 30.11.2015 09:57
Брисел: Постигнат договор за решавање на мигрантската криза
Учесниците на самитот ЕУ-Турција постигнаа договор за начините за надминување на мигрантската криза.










