Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека се уште не се знае точно колку луѓе биле вмешани во терористичките напади во Париз. Тој истакна дека можеби има соучесници во Белгија, поединци што се поврзани со убиствата, и дека сега е најважно властите да се фокусираат на истрагата.
Вести
-
Свет 17.11.2015 16:53
-
Македонија 17.11.2015 16:42
Се подготвува Етички кодекс за МРТ
МРТ ќе добие Етички кодекс со којшто се дефинираат правилата за професионално и одговорно однесување на вработените и начинот на нивната работа, заштитата на јавниот интерес, се обезбедуваат законитоста, непристраноста и неутралноста.
-
Македонија 17.11.2015 16:23
Спасов со контрамерка на контроверзна одлука на Ременски
Заменик- министерот Диме Спасов во Министерството за труд и социјална политика до вработените испратил известување со кое ги информира дека претходниот допис до нив испратен од министерот Фросина Ременски нема никаква правна сила.
-
Свет 17.11.2015 16:10
Белгија го подигна нивото на безбедност
Антитерористичките акции во Брисел продолжуваат, но Министерството за внатрешни работи синоќа апелираше до медиумите да не известуваат во детали за тоа, бидејќи се крева паника меѓу граѓаните и влијае врз истрагата.
-
Македонија 17.11.2015 15:48
Метео: Стабилно и сончево до крајот на работната седмица
Стабилното и сончево време во Македонија ќе се задржи до крајот на оваа работна седмица со услови за слаба утринска магла по одделни котлини.
Во сабота кон крајот на денот ќе настапи промена на временските услови која ќе биде поизразена во недела.
-
Економија 17.11.2015 15:31
Банките со добивка од 60,3 милиони евра во трите квартали од 2015-та
За трите квартали од 2015-та домашните банки оствариле добивка од 60,3 милиони евра, односно за повеќе од половина поголема во однос на истиот период лани.
-
Свет 17.11.2015 15:12
Франција: Масовна мобилизација на безбедносните сили
Масовна мобилизација во Франција по терористичкиот напад во Париз. 115 илјади припадници на безбедносните сили се распоредуваат на клучни точки низ земјата.
-
Македонија 17.11.2015 15:06
Стабилна состојбата на детето од Хиподром
Шестгодишното дете кое вчера неговата мајката го фрли од балконот на четирикатницата во скопски Хиподром, е во стабилна здравствена состојба. Поради внатрешното крварење во главата како последица од ударот, била извршена операција.
-
Економија 17.11.2015 14:51
Продолжува расправата за предлог буџетот за 2016-та
Собранието на Македонија ја продолжи расправата за Дополнетиот предлог- буџет за 2016 година. Според предлогот, растот на економијата се очекува да биде 4 проценти од БДП, а инфлацијата 2 проценти.
-
Култура 17.11.2015 14:42
„Мајсторот и Маргарита“ најавува нова фаза во МНТ
По успесите со претставата „Идиот“ во Загреб и „Мртви души“ во Марибор, Иван Поповски по долги години работа во руските театри, ќе режира во Македонија. Претставата „Мајсторот и Маргарира“ според истоимениот роман на Михаил Булгаков, е голем и амбициозен проект.










