Вести

  • Економија 27.10.2015 13:54

    Над 10.300 вработени преку мерката млади до 29 години

    Над 10.300 млади лица досегега се вработени во околу 5.000 компании преку мерката која ги поттикнува компаниите да вработуваат лица до 29 години, а притоа се ослободени од плаќање на социјални придонеси и персонален данок.

  • Свет 27.10.2015 13:27

    Пакистан: Во прекуграничен напад убиени седум војници

    Во жестока престрелка преку авганистанската граница загинаа седум пакистански војници.

    Нема официјално соопштение кој стои зад нападот врз Палестинската војска, но властите во минатото за вакви напади ги обвинувале Пакистанските милитанти.

  • Македонија 27.10.2015 13:16

    Амбасадорот Буџаку отповикан, му истече мандатот

    Амбасадорот Агрон Буџаку е отповикан од функцијата поради истекот на дополнително продолжениот мандат- велат од Кабинетот на шефот на државата.

  • Свет 27.10.2015 12:46

    Уште еден воздушен напад на болница на „Лекари без граници“

    „Раша тудеј“ пренесува дека во напад на коалициските сили предводени од Саудиска Арабија во Јемен, била погодена болница на „Лекари без граници“ додека во неа имало пациенти и персонал.

  • Македонија 27.10.2015 12:41

    МВР: За 24 часа издадени 4.076 потврди за азил, досега вкупно 182.978

    Во последниве 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 4.076 странски државјани, од кои 2.153  се од машки пол, 695 се од женски, 932 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 296 деца кои патуваат без ро

  • Македонија 27.10.2015 12:26

    Oдложен стартот за случајот „Јустиција“

    Иако закажано, и денеска не почна рочиштето за случајот „Јустиција“. Судењето е одложено поради тешка болест на две обвинети. Едната била хоспитализирана на Клиниката за токсикологија поради сериозно труење на жолчката, а втората на Клиниката за радиологија поради тумур на мозокот.

  • Свет 27.10.2015 11:58

    Јужна Кореја: Експлозија на камион во тунел, 11 возила во пламен

    Камион кој превезувал разредувач експлодирал во тунел на автопат во Јужна Кореја откако возачот загубил контрола над возилото и удрил во ѕид.

    Откако удрил во ѕидот, камионот се запалил, по што дошло до голема експлозија. 11 возила биле опожарени, но за среќа нема загинати.

  • Култура 27.10.2015 11:56

    Двојна изведба на „Лебедово езеро“ во МОБ

    Во среда, 28-ми и во петок на 30-ти октомври со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, ремек дело на балетската класика.

  • Свет 27.10.2015 11:29

    Колумбија: 11 војници и полицаец убиени во вооружен напад

    11 војници и еден полицаец загинаа во вооружен напад на борци на „Армијата за национално ослободување“ во Колумбија. Според информации на колумбиското Министерство за одбрана, уште три лица се ранети.

  • Свет 27.10.2015 11:17

    Турција: Уапсени 30 осомничени џихадисти

    Турската полиција изутрината привела 30 луѓе осомничени дека се припадници на Исламска држава. Полицијата спровела истовремени рации во куќи за кои се смета дека се ќелии на Исламска држава во градот Кони, во централна Анадолија.

Pages