Зголемено ниво на безбедност во Израел. Владата реши да испрати војници да патролираат низ улиците на Ерусалим, а полицијата доби поголеми овластувања да поставува барикади во делови каде што ескалира насилството.
Вести
-
Свет 14.10.2015 15:15
-
Економија 14.10.2015 15:09
Мисајловски: Ќе се обнови патот Кочани- Делчево
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски при посетата на Кочани и на општина Чешиново-Облешево, најави целосна реконструкција на патот Кочани – Делчево во должина од 30 километри. За оваа цел, во Буџетот се планирани средства во висина од 10 милиони евра.
-
Македонија 14.10.2015 14:58
Метео: Утре променливо облачно време
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди.
Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе услови појава на краткотраен локален дожд во текот на ноќта кон петок особено во западните делови од земјава.
-
Економија 14.10.2015 14:36
НБРМ: Монетарната политика соодветна, економската активност расте
Монетарната политика е соодветна, а економската активност и понатаму расте со солидно ниво, оцени Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Република Македонија.
-
Македонија 14.10.2015 14:27
Претседателот Иванов во посета на Швајцарската Конфедерација
Претседателот Ѓорге Иванов од денеска до 16-ти овој месец ќе престојува во работна посета на Швајцарската Конфедерација, по повод неговото учество на форумот „Кран Монтана“, што се одржува во Женева.
-
Македонија 14.10.2015 14:16
Кумановци да пријават штети од поплавите најдоцна до 19-ти октомври
Граѓаните кои претрпеа штета од поплавите на 11-ти октомври годинава, треба да достават пријава до архивата на Општина Куманово најдоцна до 19-ти овој месец.
По овој рок, Комисијата за проценка на штети од поплавите, ќе излезе на терен и ќе изврши увид на лице место.
-
Македонија 14.10.2015 14:12
Политичките партии и натаму без договор за изборната регулатива
Четирите најголеми политички партии, и натаму без конечен договор за изборната регулатива. Преку соопштение, СДСМ демантира дека опозицијата бара пратеник од дијаспората да се избира со околу 7 илјади гласа.
-
Македонија 14.10.2015 14:04
Обвинителите незадоволни од формирањето на специјалното обвинителство
Јавните обвинители незадоволни од донесувањето на Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани со незаконското следење на комуникациите. Се става под сомневање нивното стручно и објективно постапување во илјадници други предмети, стои во дописот од Обвинителството.
-
Македонија 14.10.2015 14:00
За 24 часа издадени 3.686 потврди за азил
Во последните 24 часа се издадени 3.686 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Најбројни се државјаните на Сирија и на Авганистан.
За речиси 4 месеци се издадени близу 141 илјада потврди.
-
Економија 14.10.2015 13:58
Обука за 25 мали и средни претпријатија за менаџирање со иновациите
Почна обука на 25 мали и средни претпријатија за полесно да ги пласираат нивните иновации на пазарот. Предавачи од Македонија и Австрија ќе ги унапредуваат знаењата и вештините на претприемачите како да ги менаџираат иновациите, како да работат на маркетингот и на финасирањето на иновациите.










