Наскоро копродукциски проект меѓу полскиот театар „Хелена Мождевска“ од Легнице и Македонскиот народен театар. Претставата ќе биде изведена и во Македонија и во Полска на двата јазици со актери од двете земји.
Вести
-
Култура 02.09.2015 14:42
-
Македонија 02.09.2015 14:36
Метео: Продолжуваат високите температури
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време со слаб до умерен северозападен ветер.
Во северните делови ќе има услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови.
Високи температури не очекуваат и во петок како и за време на викендот, особено во сабота.
-
Македонија 02.09.2015 14:35
Комплетна реконструкција на инфективното одделение во Велешката болница
Со намалувањето на трошоците за набавка на лекови за болниците се заштедуваат околу 250 милиони денари, вели ресорниот министер Тодоров. Средствата ќе се наменат за реконструкција на инфективното одделение во Велес.
-
Економија 02.09.2015 13:16
Станбениот квадрат поевтин за 0,7%
Лани цената на изградените станови во земјава се намалила за 0,7 насто во однос на претходната година. Државната статистика пресметала дека просечната продажна цена за договорени објекти што ги изведуваат домашните градежни компании изнесувала 756 евра за квадратен метар.
-
Македонија 02.09.2015 13:11
Грант за самовработување на лица со инвалидност
Во тек е владиниот проект-грант за самовработување на лица со инвалидитет. Издвоени се 59 милиони денари. Надлежните нудат можност да се основа сопствен бизнис, а помагаат и во изготвувањето на бизнис идејата.
-
Македонија 02.09.2015 12:52
Издадени потврди на 1.487 мигранти
Во изминатото деноноќие издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на 1.487 странски државјани, од кои 939 се од машки пол, 203 од женски, а 288 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 57 деца кои патуваат без родител.
-
Македонија 02.09.2015 12:49
Новото средно училиште во Шуто Оризари ќе биде пуштено во употреба
Премиерот Никола Груевски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на ново средно училиште во општина Шуто Оризари. -
Свет 02.09.2015 12:10
11 мигранти загинаа при потонување на два чамци на пат кон грчкиот остров Кос
Најмалку 11 мигранти, за кои се верува дека се Сиријци, загинаа откако два чамци потонаа на пат од Југозападна Турција кон грчкиот остров Кос.
-
Свет 02.09.2015 12:01
Уапсен унгарскиот опозиционер кој ја пресече бодликавата жица поставена на унгарско-српската граница
Унгарската полиција го уапси опозиционерот, член на Демократската коалиција кој ја пресече бодликавата жица поставена на унгарско-српската граница.
Според него, поставувањето на оградата е бесмислено и нема да придонесе да се намали бројот на бегалци кои доаѓаат во Унгарија.
-
Свет 02.09.2015 11:20
Осум загинати во пожар во Париз
Најмалку осум луѓе загинаа во пожар во станбена зграда во Париз. Меѓу загинатите има и деца. Министерот за внатрешни работи на Франција, Бернар Казенев е на местото на несреќата, каде се наоѓаат и голем број спасувачки и противпожарни екипи.










