Водата во тетовската градска мрежа е безбедна за пиење. Со поголемо количество хлор се одржува нејзината исправност. Надлежните смируваат, тетовци можат да бидат спокојни, секојдневно се следи состојбата.
Вести
-
Македонија 06.08.2015 16:50
-
Македонија 06.08.2015 16:44
Акција за санација на Тетовско
Шипковица и денес е на нозе. Војската, жителите, Дирекцијата за заштита и спасување со сите свои сили го расчистуваат пустошот кој зад себе ја остави поплавата. Багери и камиони го расчистуваат патот од наносите на земја и камења.
-
Македонија 06.08.2015 16:36
Падна ќелијата на ИСИС во Македонија
Падна „ќелијата“ на исламските фундаменталисти. МВР уапси деветмина, по 27 трага. Сите учесници или повратници од воените жаришта најчесто во Сирија како дел од терористички структури.
-
Македонија 06.08.2015 15:33
Невреме во Скопје
Пороен дожд, ветер и грмежи пред помалку од половина час зафатија делови од главниот град Скопје.
Во одредени делови заврна и град. Невремето не предизвика поголем метеж во сообраќајот.
-
Македонија 06.08.2015 15:19
Продолжен притворот за сообраќајката кај ТЦ Зебра
Доставен обвинителниот акт за сообраќајнката несреќа на 7-ми јули кај трговскиот центар Зебра, во која животот го загуби новинарката на Македонското радио, Сузана Тодоровска Павловска.
-
Македонија 06.08.2015 15:17
Уапсени 9 лица во антитерористичката акција „Ќелија“
Македонските безбедносни сили се справуваат со припадници на Исламска држава во земјава. Во опсежната антитерористичка акција на Министерството за внатрешни работи се приведени 9 лица кои регрутирале македонски државјани за воените дејствија на џихадистите во Сирија.
-
Македонија 06.08.2015 15:08
Се расчистуваат последиците од невремето во Тетовско
Се бројат и се расчистуваат последиците од невремето во Тетовско. Со механизација се расчистуваат урнатините од селата Шипковица, Голема и Мала Речица.
-
Македонија 06.08.2015 15:02
Имунизација: 43 деца ја примија новата шествалентна вакцина, нема несакани реакции
За два дена, 43 деца се имунизирани со шествалентни валкцини. Освен локално црвенило, педијатрите кај нив не забележале други реакции, како зголемена температура. Овие вакцини веќе се дистрибуирани во сите градови низ земјава. Петвалентните ќе бидат достапни од септември.
-
Македонија 06.08.2015 14:32
Парична помош од Општина Гостивар за настраданите во Тетовско
По иницијатива на градоначалникот Невзат Бејта, Советот на општина Гостивар усвои одлука за распределба на 600 илјади денари за Тетово.
Се солидаризираа и советниците донирајќи го месечниот паушал. Вкупниот износ достигна 1.120.797 денари.
-
Македонија 06.08.2015 14:24
Градоначалникот Трајановски во посета на Шипковица
Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Коце Трајановски, денеска го посети тетовското село Шипковица заедно со екипа од 40 работници од ЈП „Комунална хигиена“.










