Откриен насад со марихуана во близина на село Бучим, Радовишко. Засадена била на површина од околу 50 метри квадратни во 16 реда. Станува збор за 147 стебла канабис сатива.
Вести
-
Македонија 05.08.2015 13:08
-
Македонија 05.08.2015 12:56
Американска воена делегација во посета на Македонија
САД се големи подржувачи на реформите во одбранбениот систем и ја гледаат Македонија како голем пријател и сојузник во учеството во мисиите за обезбедување на светскиот мир и безбедност, оцени министерот за одбрана Зоран Јолевски на средба со делегацијата на Американската армија.
-
Македонија 05.08.2015 12:49
Австрискиот Црвен крст донираше електрични болнички кревети
Електрични болнички кревети, наткасни и друг медицински инветар- австрискиот Црвен крст донираше 14.000 евра во подобрување на условите во здравствените установи во државава.
Донацијата во најголем дел е намената за Клиничкиот центар Скопје и Клиничката болница Тетово.
-
Македонија 05.08.2015 11:44
Згрижени ќе бидат 200 семејства од Шипковица, Голема и Мала Речица
Црвениот крст на Македонија денеска ќе згрижи околу 200 семејства од Шипковица, Голема и Мала Речица кои, според првичните проценки, се најоштетени и загрозени од завчерашните врнежи.
-
Свет 05.08.2015 11:39
Во хеликопотерска несреќа во Колумбија загинаа 16 полицајци
16 полицајци загинаа во хеликоптерска несреќа во Колумбија за време на изведување акција против кланот „Усуга“, најголемиот наркокартел во земјата. Во хеликоптерот имало 18 лица, од кои 16 загинале а двајца се ранети. Во тек е истрага за несреќата.
-
Свет 05.08.2015 11:37
Сириза ги почнува подготовките за партискиот конгрес
Политичкиот секретаријат на грчката владејачка партија Сириза, синоќа одржа состанок со што ги почна подготовките за итниот партиски конгрес што треба да се одржи следниот месец, на кој треба да бидат решени разликите во рамките на партијата околу третата финансиска помош за земјата.
-
Свет 05.08.2015 11:36
Излетаа два воза во Индија, над 32 жртви
Најмалку 32 лица загинаа, 40 се повредени и петмина се водат како осчезнати при излетување на два воза од шините во индиската држава Мадја Прадеш.
Локалната полиција соопшти дека двата воза, кои се движеле во спротивна насока, излетале од шините околу полноќ.
-
Македонија 05.08.2015 11:27
ДЗС: Се расчистуваат блокираните патишта од невремето во Тетовско
Како последица од обилните врнежи во Тетовскиот регион по повлекувањето на водата останаа наноси од кал и делови откорнати дрва на локалните патни правци.
-
Македонија 05.08.2015 10:51
Ден на жалост во Тетово
Во Тетово денеска и утре е ден на жалост. Одлуката ја донесе вчера Советот на Општина Тетово по завчерашното силно невреме во Тетовско во кое починаа четири лица, едно девојче се води за исчезнато, а најмалку 11 се повредени.
-
Македонија 04.08.2015 20:09
Апел од Црвен крст за помош на настраданото население од Тетовско
Помош со донирање вода за пиење, средства за хигиена, храна, ќебиња... е потребна за погодените домаќинства во Тетовскиот регион од синоќешното невреме.










