Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на церемонијата на доделувањето на признанието „Вељо Манчевски“, именувано по првиот верски референт во 1943 година.
Вести
-
Македонија 12.12.2025 10:05
-
Македонија 12.12.2025 09:37
Пронајдено тело во атарот на гостиварското село Неготино
Јавен обвинител од гостиварското обвинителство ноќеска изврши увид во атарот на село Неготино, каде беше пронајдено тело на засега неидентификувано починато лице, закопано во дупка.
-
Свет 12.12.2025 09:26
АСЕАН бара крај на борбите меѓу Тајланд и Камбоџа
Генералниот секретар на АСЕАН побара брзо решавање на борбите меѓу двете членки на организацијата, Тајланд и Камбоџа. Соседите и натаму јавуваат за борби и продолжуваат со меѓусебни обвинувања за тоа кој го прекршил примирјето.
-
Свет 12.12.2025 09:17
САД објавија нов пакет санкции против Венецуела
САД објавија нов пакет санкции против Венецуела, насочен кон роднините на претседателот Мадуро и клучниот нафтен сектор. Следат по заплената на венецуелски танкер кај брегот на Венецуела
-
Свет 12.12.2025 09:13
Зеленски подготвен за избори, но бара гаранции
Европските лидери сакаат да ги продолжат разговорите за Украина, утре во Париз, но Трамп вели сака прво да види поголем напредок пред да се согласи да ги испрати своите советници.
-
Македонија 12.12.2025 08:50
Премиерот Мицкоски на поставување камен-темелник на училишна спортска сала во Општина Ново Село
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување камен-темелник на училишна спортска сала во населено место Колешино, во Општина Ново Село.
Владината прес-служба најави дека на настанот е предвидена изјава за медиумите.
-
Македонија 12.12.2025 08:46
Сончево со мала до умерена облачност
Денеска времето во земјава ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
-
Македонија 12.12.2025 08:30
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Култура 11.12.2025 21:00
Изложба „Димитар Кондовски и Македонските бајки“ во Музејот на Македонија
Музејот на Македонија на 25 декември 2025 година, со почеток во 19 часот, ќе ја отвори изложбата „Димитар Кондовски и македонските бајки“ – калеидоскоп од светот на бајките на Димитар Кондовски.
-
Свет 11.12.2025 20:31
Поранешниот боливиски претседател Арсе, приведен под обвинение за корупција
Поранешниот боливиски претседател Луис Арсе е уапсен под обвинение дека проневерил околу 700 милиони долари државни средства додека бил министер за финансии во владата на Ево Моралес, пренасочувајќи пари наменети за домородните заедници.










