Лозарите се надеваат на добра година, а насадите добро напредуваат.
За разлика од лани пламеницата и другите болести, годинава не се многу распространети, заштитните средства се користат помалку, а трошоците за производство се намалени.
Лозарите се надеваат на добра година, а насадите добро напредуваат.
За разлика од лани пламеницата и другите болести, годинава не се многу распространети, заштитните средства се користат помалку, а трошоците за производство се намалени.
Во Кина, презентација на првиот воз произведен за Македонски желеници. Во градот Џуџо е македонска делегација, предводена од министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски. Ќе се разговара за реализација на договорот.
14 години затворска казна, пресуди кривичниот суд за обвинетиот, Насер Ештрефи. Прогласен е за виновен за убиството на матурантот Ангел Петковски, кое лани во мај се случи во скопската населба Ѓорче Петров.
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 57. седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија, за учество во мировната операција на Европската унија, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.
Го отворивме прашањето на членство на Македонија во НАТО. Долго време сме во чекалницата на Алијансата и нашите граѓани се фрустрирани, изјави во Загреб по средбата со претседателката на Хрватска, Колинда-Грабар Китаровиќ, македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
По грчкиот референдум курсот на европската валута кон доларот падна под психолошката бариера од 1,1 долари за евро. Но изутрината се врати на старото ниво по оставката на грчкиот министер за финансии Варуфакис. Вакавата промена ја покажа чувствителноста на курсот поради случувањата во Грција.
Референдумот во Грција е тема на денот во сите светски медиуми. Словенечкиот дневен весник „Финанце“ и ја додели новата кратенка „ФЕРОГ“ на Грција, односно Поранешна Европска Република Грција.
Прашањето што ќе се случи по грчкот „НЕ“ на планот на своите доверители, отвора многу прашања во ова жешко лето. Француските политичари се поделени, тие од левицата сметаат дека треба да се отворат повторно преговороти, додека тие од десницата не сакаат да плаќаат за Грција.
Референдумското „НЕ“ предизвика тектонски промени на политичката сцена во Грција. Кусо по објавени резултити следуваше оставката на лидерот на Нова Демократија и поранешен премиер, Андонис Самарас.
Вонредна состојба во Брисел. Иако потпреседателот на Европската комисија, Валдис Домбровски на денешната прес конференција истакна дека еврото е стабилно, сепак призна дека грчкото НЕ за пакетот мерки на ЕУ предизвика лавина на нови можни отворени прашања, на кои во моментов немаат одговор.