Вести
-
Македонија 22.06.2015 15:06
Министерот Мисајловски на состанок за европски транспортни коридори во Рига
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски денеска учествува на министерскиот состанок „Денови на европските транспортни коридори“ што се одржува во Рига, Латвија. -
Свет 22.06.2015 14:46
Пакистан: Топлотниот бран однесе 122 животи
Најмалку 122 лица починаа поради високите температури што го погодија Карачи, најголемиот град во Пакистан. Локалните власти соопштија вонредна состојба во сите болници и на сите лекари и целиот медицински персонал им е забрането отсуство од работа.
-
Македонија 22.06.2015 14:41
Метео: Утре претежно сончево со слаб ветер
Утре во Македонија ќе преовладува претежно сончево време со слаб јужен ветер.
На планинските предели ќе има појава на мала облачност.
Од среда попладне ни претстои нова нестабилност со дожд и грмежи.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 22.06.2015 14:31
На друштвените мрежи- најголема злоупотреба на личните податоци
Заштита на лични податоци е човеково право кое Дирекцијата за заштита на личните податоци 10 години прави напори да го заштити. Лични податоци може да биде злоупотребени во институции, при купување, плаќање на сметки.
-
Македонија 22.06.2015 14:23
Почнаа уписите во средните училишта
Почнаа уписите во средните училишта. Полуматурантите од рано изутрината брзаат кон училишните дворови за да ги предадат документите и да си обезбедат сигурно место во претстојната школска година.
-
Свет 22.06.2015 14:20
Ципрас и Могерини го откажаа учеството на летната сесија на ПССЕ
Грчкиот премиер Ципрас и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Могерини го откажаа учеството, иако беа најавени како говорници на летната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, што започнува денеска, а завршува на 26 јуни.
-
Економија 22.06.2015 14:15
Заеднички инвестициски проекти за поголем економски раст
Новиот Европски фонд што ќе биде наменет за инвестиции во нови работни места, зголемување на економскиот раст и подобрување на конкурентноста ќе тежи 21 милијарда евра.
-
Македонија 22.06.2015 14:10
Темелко по трет пат градоначалник на Пустец
Едмонд Темелко, кандидат за градоначалник на Македонска Алијанса за Европска интеграција, на локалните избори во Албанија кои се оддржаа вчера, по трет пат ја доби довербата на гласачите во Пустец.
-
Свет 22.06.2015 14:02
Чарлстон: Почесен марш како симбол на единството
Илјадници луѓе учествуваа на почесен марш по главниот мост во Чарлстон како симбол на единство по убиството на девет афроамериканци од страна на белец за време на миса во црква.
-
Свет 22.06.2015 13:44
Москва: САД потрошиле 5 милијарди долари за државен удар во Украина
Според изјави секретарот на Рускиот совет за безбедност, Николај Патрушев, Америка стои зад државниот удар во Украина и за таа цел потрошила пет милијарди долари.
Тој истакнал дека промената на власта во Украина ги поттикнала тамошните настани.










