Мајка и две деца од Штип се затруле со храна во која имало јајца. Нивната здравствена состојба е стабилна и се пуштени на домашно лекување. Во текот на летните месеци труењата со храна се се почести, лекарите апелираат храната да се чува соодветно.
Вести
-
Македонија 16.06.2015 16:33
-
Македонија 16.06.2015 16:28
СДСМ објави нови аудиоматеријали од прислушувани разговори
Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев објави аудио разговори што ги поседува партијата за функционери од ДУИ. Очигледно е, според Заев, како на тесна група на поединци од интегративците им била важна моќта а не интересите на граѓаните и како се пазареле со коалицискиот партнер во владата.
-
Економија 16.06.2015 16:25
Макстил ги заврши активностите за добивање еколошка дозвола
Макстил ги заврши активностите за еколошката дозвола. Компанијата целата постапка ја чини 22 милиони евра. Од Фабриката велат дека во моментов имаат намален број на нарачки.
-
Македонија 16.06.2015 16:13
Одржлива енергија: Oд отпад до гориво!
Од пластичен отпад може да се произведе квалитетно гориво. Технолошко- металуршкиот факултет докажа дека и во Македонија може успешно да се произведува дизел гориво од различен отпад. Се работи на технологии за добивање дизел гориво од пластика, гума и употребувано моторно масло.
-
Свет 16.06.2015 15:46
Убиен вториот човек на Ал Каеда!
Во филмуваното соопштение кое го објави медиумското крило на озлогласената терористичка формација на Арапскиот полуостров е потврдена смртта на вториот човек на Ал Кеда и водачот на јеменскиот огранок Насие ел Вахајши.
-
Македонија 16.06.2015 15:38
Полесен пристап до матичните книги
Електронскиот матичен регистар ќе овозможи подобар пристап на граѓаните, на многу полесен начин да дојдат до извод од матичната книга на родени, венчани и умрени. Директорот на Управата за водење матични книги Силас Муслиоски информираше дека во завршна фаза е воведувањето на електронскиот регис
-
Свет 16.06.2015 15:22
Србија: Стефан не бил киднапиран, неговиот брат ја измислил целата приказна
Стефан Илиќ, 12-годишното момче од Банатска Суботица, за кое цела Србија од саботата се крена на нозе, вчера беше пронајден мртов во река. Полицијата утврди дека момчето не било киднапирано и дека неговиот 9-годишен брат Урош ја измислил целата приказна.
-
Македонија 16.06.2015 15:13
Струга: Кривични пријави за загадувањето од депонијата
Четири кривични пријави подготвува невладината Каприкорн од Струга во врска со депонијата која веќе втора недела по ред ги гуши стружани.
-
Македонија 16.06.2015 15:08
Нема повредени во пожарот во гевгелиската оранжерија
Нема повредни во пожарот што избувна утрово во магацински простории на оранжеријата „Кане агро“ од Гевгелија. Причинета е материјална штета. Очевидци велат дека се слушнала и една експлозија.
-
Македонија 16.06.2015 15:04
Измени во Законот за азил
72 часа легален престој во Македонија ќе имаат сите мигранти. Потоа ќе мора да ја напуштат земјава или да побараат азил. Ова го предвидуваат измените на Законот за азил, кои поминаа во Влада, а в понеделник ќе се најдат на собраниска седница.










