51.500 осигуреници ги корегирале и докомплетирале податоците за нивниот пензиски стаж кои Фондот во февруари, преку фирмите, ги испратил до 520 илјади вработени. На овој начин доколку имаат празнини, осигурениците навреме ќе ги регулираат пропустите во стажот.
Вести
-
Македонија 04.06.2015 16:14
-
Македонија 04.06.2015 16:09
Хоризонт 2020: Можности за финансирање иновации
Бизнисмени, експерти и академската јавност слушнаа за можностите за финансирање иновации и истражувања. Може да аплицираат со проекти до 50 илјади евра. На располагање се вкупно 70 милијарди евра од пограмата „Хоризонт 2020“ на Европската Унија, достапни преку Фондот за иновации.
-
Економија 04.06.2015 14:38
Исплатени над 80 милиони денари субвенции на 2.611 земјоделци
Министерството за финансии денеска исплати 80.731.270 денари субвенции на 2.611 земјоделци по повеќе основи.
-
Македонија 04.06.2015 14:36
Тодоров: Најзадоволни пациентите во Крушево, Кичево и Македонски Брод
Спроведено е истражување колку граѓаните се задоволни од услугите во здравствените институции. Најдобри резултати покажале здравствените домови во Крушево, Кичево, Македонски Брод и Кичевската општа болница.
-
Македонија 04.06.2015 14:25
Владата го решава проблемот на 20.000 осигуреници на ФЗОМ
Владата го решава проблемот на 20 илјади осигуреници на Фондот за здравствено осигурување.
-
Македонија 04.06.2015 14:14
Метео
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд локално поројни, појава на грмежи и засилен североисточен ветер.
Можна е појава на поинтензивни процеси на места во форма на невреме.
-
Свет 04.06.2015 14:13
Во Италија уапсени 44 лица осомничени за корупција
44 луѓе се уапсени во повеќе региони во Италија, во вториот дел од истрагата Средна Земја. Групата се занимавала со широк криминал – мигранти, мито и местење избори.
-
Свет 04.06.2015 13:20
Епидемија: Вирусот МЕРС ги затвори училиштата во Јужна Кореја
Над 700 училишта и 150 во Јужна Кореја ги суспендираа часовите поради страв од вирусот МЕРС. Бројот на луѓе во карантин се искачи на над 1.600, откако трет човек почина од коронавирусот што го добил од пациент со кого делел соба, а уште петмина се тестирани како позитивни.
-
Економија 04.06.2015 13:15
Домашни месни и млечни производи на рускиот пазар
Русија ги отвора вратите за македонските месни и млечни производи. Квалитетот е на прво место. За извоз се заинтересирани 12-тина компании, кои ќе треба да ги исполнат стандардите утврдени во Меморандумот за соработка.
-
Македонија 04.06.2015 13:14
Еден загинат и шестмина повредени во сообраќајка во Скопје
Едно лице загина, а шест се повредени во сообраќајна несреќа што се случи ноќеска половина час по полноќ на ул.„Лазо Трповски“ во Скопје.










