Вести
-
Македонија 11.05.2015 16:00
Бан Ки-мун повика на воздржаност по инцидентот во Куманово
Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун, изрази загриженост за инцидентите во Куманово. Повика за воздржаност и упати сочуство до семејствата на загинатите и ранетите во акцијата. -
Македонија 11.05.2015 15:56
Курц ќе побара Советот на ЕУ да расправа за Македонија
Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц изрази загриженост поради најновата ескалација на насилствата во Македонија и ќе побара актуелните случувања да бидат тема на следниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ.
-
Македонија 11.05.2015 15:28
Средба на премиерот Груевски со амбасадори
Премиерот Никола Груевски денеска има средба со амбасадорите на Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Франција, Велика Британија, Германија и Италија.Средбата ќе се одржи во 16:00 часот, во просториите на Владата на Република Македонија. -
Македонија 11.05.2015 15:24
Македонија оддава почит на загинатите припадници на безбедносните сили
Македонија тагува по своите загубени припадници на безбедносните сили. Денеска се погребани четворица од загинатите осум бранители.
-
Македонија 11.05.2015 15:18
ЕУ и НАТО: Загриженост за состојбата во земјава
Загриженост во Европската унија и НАТО за состојбата во земјава. Првиот човек на Северно-атланската алијанса, Јенс Столтенберг порача дека полицијата се справила со терористите професионално. Најважно е што нема цивилни жртви.
-
Македонија 11.05.2015 15:12
Иванов на средба со дипломатите во земјава: Итна деблокада на евроатланските интеграции
Поддршка од меѓународната заедница за стабилноста на земјава, но, и за целиот регион побарал претседателот Иванов од дипломатите акредитирани во земјава.
-
Македонија 11.05.2015 14:32
Се стабилизира стостојбата на повредените припадници на безбедносните сили
Здравствената состојба на припадниците на безбедносните сили се стабилизира. Од Министерството за здравство преку соопштение информираат дека на хируршките клиники во моментов се згруижени 20 пациенти и сите се во стабилна состојба, во градската општа болчница има 9-мина од повредените припадници
-
Свет 11.05.2015 14:24
Втор круг претседателски избори во Полска
Полјаците одат на втор круг претседателски избори по изненадувачкиот исход од првиот во кој според првичните резултати Анджеј Дуда од опозициската „Право и правда“ освои 34,8 проценти од гласовите, повеќе од актуелниот претседател Бронислав Коморовски за кој гласот го дале 32,2 насто од гласачите
-
Свет 11.05.2015 14:21
Супертајфунот Ноул ги погоди Филипините со брзина на ветрот од 220 км/ч
Супертајфунот Ноул го погоди североистокот на Филипините. Две лица загинаа од струен удар при поправка на покрив. Во прекин е снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови од регионот, поради опасност од поплави и лизгања на земјиштето илјадници луѓе се евакуираа на повисок терен.
-
Свет 11.05.2015 14:20
Грција бара признание од еврозоната за постигнатите реформи
Грција се надева дека Еврозоната ќе го признае фискалниот напредок на земјата. На денешната средба на министрите за финансии од Еврозоната продолжуваат преговорите дали ќе добие дел од милијардите од пакетот за помош.










