Почнува 5-от по ред Меѓународен саем за туризам – „Скопје травел маркет 2015“. На манифестацијата ќе се претстават бројни туристички агенции, хотели и тур-оператори од македонија и од странство.
Вести
-
Македонија 07.05.2015 12:00
-
Свет 07.05.2015 11:57
Главниот римски аеродром затворен поради пожар
Главниот римски аеродром Фјумичино е затворен откако избувнал пожар во просториите за багаж. Нема потешко повредени, а најмалку три лица добиле медицинска помош затоа што вдишале чад.
Пожарот е згаснат, но аеродромот ќе биде затворен до 14 часот, јавуваат италијанските медиуми.
-
Македонија 07.05.2015 11:52
Охрид ќе добие современа меѓуградска автобуска станица
Македонскиот туристички бисер за две до четири години ќе добие модерна автобуска станица. Објектот ќе чини неколку милиони евра, а ќе има приземје, четири ката, потпокрив и придружни објекти, кои ќе ги исполнуваат европските стандарди и ќе ги задоволуваат сите потреби на патниците.
-
Економија 07.05.2015 11:46
Расте интересот на инвеститорите за велешките зони
Иако сеуште целосно неоформена, индустриската зона „Мамутчево“ почна да се полни. Првиот инвеститор и официјално доставил писмо со намери до локалната самоуправа. Ова за експертите е потврда дека сликата во Велес се менува, општината го враќа стариот примат „индустриски град“.
-
Македонија 07.05.2015 11:39
Попладне- пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Македонија денеска ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови од земјата.
-
Македонија 07.05.2015 11:33
Наскоро оглас за закуп на државно земjиште
Земјоделското земјиште ќе биде од сите региони. Критериумите ќе бидат поволни за помалите земјоделци и локалното население.
Можат да се јават сите заинтересирани индивидуални земјоделци и правни лица кои се занимаваат со оваа дејност.
-
Македонија 07.05.2015 10:08
Синоќешните протести- без посериозни инциденти
Група демонстранти и вчера протестираше во Скопје. За разлика од вторникот, протестите минаа во мирна атмосфера, а од Владата се префрлија пред Законодавниот дом. Присутните демонстранти рекоа дека се протестира против полициската бруталност, за повеќе правда, слобода и демократија.
-
Македонија 06.05.2015 19:35
Реакција на МРТ на изјавата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов
Повикот на партискиот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов до уредникот на Информативната програма Горан Петрески го сметаме за притисок врз работата на Јавниот сервис и обид за директно мешање во уредувачката политика.
-
Економија 06.05.2015 18:08
Холандска „Антура“ ја отвори фабриката во Кочани
Успешно е реализирана уште една странска инвестиција. Во Кочани е отворена фабриката „Антура“ за производство на семенски материјал за украсни цвеќиња. Инвестицијата е вредна над 6 милиони евра.
-
Македонија 06.05.2015 17:44
Кривични пријави за четворица учесници во синоќешните инциденти
СВР Скопје изготви кривични пријави против четири лица од Скопје на возраст од 26 до 40 години учесници во синоќешните инциденти.










