Можност за плаќање на неплатените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување на рати, најмногу до 24 месеци и ослободување од камата доколку се платат заостанатите придонеси за пензиско и инвалидско, најави вчера од Охрид премиерот Груевски.
Вести
-
Економија 26.04.2015 17:10
-
Македонија 26.04.2015 16:56
За прв пат во македонското здравство- онлајн регистар на медицинска опрема
Ако одреден апарат во здравствената установа има дефект, во рок од 24 часа ќе мора да биде евидентиран во онлајн регистарот на медицинска опрема.
-
Македонија 26.04.2015 16:47
Oсветени конаците во „Св. Јован Бигорски“
Иако беа илјадници, манастирот „Свети Јован Бигорски“ ги прими сите верници што сакаа да присуствуваат на осветувањето на обновениот Горни Палат.
-
Македонија 26.04.2015 16:20
Референдум за ГТЦ: Речиси 21% излезност до 13 часот
До 13 часот правото на глас го искористиле близу 21 процент од вкупниот број запишани гласачи. На 78 избирачки места излегле 9.043 жители на Општина Центар од вкупно 43 илјади 560 запишани во единствениот избирачки список, велат од Државната изборна комисија.
-
Македонија 26.04.2015 15:10
За струшките плажи сеуште се кршат копја
Градоначалникот на Струга Зијадин Села се уште тврди и стои на ставот дека времените објекти на струшките плажи се незаконски и дека за нив не е побарана никаква дозвола од општината која е надлежна за таа работа.
-
Култура 26.04.2015 14:51
Познат редоследот за настап на фестивалот „Цветници“ 2015
Во студиото 2 на МТВ, денес, во емисијата „Плетенка“ беше извршено извлекување на редниот број за настап на интерпретаторите и песните за годинашново издание на фестивалот во духот на македонската музичка традиција „Цветници“ 2015.
-
Македонија 26.04.2015 14:44
Гошинце: Пронајдено дел од оружјето украдено при нападот на караулата
Пронајдено дел од оружјето кое било украдено при нападот на караулата во Гошинце. Утринава голема полициска акција во тој реонот. Од полицијата велат дека по спроведената акција се потврдувале првичните сомненијата за групата која го извршила терористичкиот чин.
-
Македонија 26.04.2015 13:27
Со видео надзор до возачка дозвола
Во испитниот центар „Топ Драјвер“, лиценциран испитен центар за сверо-источниот регион во Куманово повеќе од една година, со видео-следење се полага возачкиот испит. Полагањето на на теоретскиот дел е преку електронски тестови.
-
Македонија 26.04.2015 13:23
Велес: Колку моторџиите ги почитуваат сообраќајните правила?
На неколку локации во Велес, полицијата контролираше колку возачите на мотори ја почитуваат законската обврска да носат кацига. Бројот на возачи кои го прекршија Законот беше голем. Полицијата овојпат не пишуваше казни.
-
Економија 25.04.2015 19:27
Британски „Дејвид Томас медикал“ ќе инвестира во Македонија
Познатиот британски бренд од медицинскиот сектор „Дејвид Томас Медикал“ ќе инвестира во Македонија, најави премиерот Груевски. На својата веб страница компанијата веќе потврдила дека во соработка со македонска фирма ќе се лоцира во Скопје и за почеток ќе вработи 50 инженери.










