Најмалку 1.500 луѓе се евакуирани на југот на Чиле откако по 43 години мирување еруптираше вулканот Калбуко. Првата ерупција била забележана вчера, а другата изутрината поради што е прогласена вонредна состојба во областа на 20 километри околу вулканот.
Вести
-
Свет 23.04.2015 13:59
-
Свет 23.04.2015 13:55
Протест во Балтирмор поради смртта на афроамериканец во притвор
Стотици луѓе излегоа на улиците на Балтимор барајќи одговори во врска со смртта на афроамериканецот Фреди Греј кој се здобил со повреда на рбетот додека бил во полициски притвор. Три лица биле уапсени, иако протестот во главно минал мирно.
-
Македонија 23.04.2015 13:36
На кејот на Вардар се одржа вежба за справување со поплави
Природните непогоди не можат да се спречат, но може многу да се помогне со навремени подготовки за заштита и спасување на настраданите.
-
Економија 23.04.2015 13:30
Богов: Ревизија на стапката на раст на почетокот од мај
На почетокот на мај ќе се ревидира стапката на раст на македонската економија, потврдува гувернерот Димитар Богов. Проекциите зависат од надворешните показатели, а анализите говорат за стабилност на европската економија.
-
Македонија 23.04.2015 13:23
Состанок на министрите за надворешни работи во Брдо кај Крањ
Во тек е втората сесија на која главна тема е регионалната соработка особено поврзана со реконструкцијата и заздравувањето на државите кои беа зафатени со поплави. Шефовите на дипломатиите ќе ја разгледаат таканаречената Позитивна агенда за младите од Западен Балкан.
-
Свет 23.04.2015 12:16
Паника во Чиле поради ерупција на вулкан
На југот од Чиле проработел вулканот Калбуко исфрлајќи пепел и чад во висина од неколку километри.
Поради тоа властите прогласиле вонредна состојба во загрозената зона и наредиле евакуација на жителите во радиус од 10 километри околу вулканот.
-
Свет 23.04.2015 12:13
СЗО: Во изминатиот месец 1.080 жртви во Јемен
Светската здравствена организација соопшти дека меѓу 19 март и 21 април вкупно 1.080 луѓе загинале во Јемен кадешто коалицијата предводена од Саудиска Арабија изврши нови воздушни удари врз бунтовниците Хути.
-
Македонија 23.04.2015 12:11
Втора координативна средба во УКИМ меѓу Владата и пленумите
Во ректоратот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ќе се одржи втората координативна средба меѓу претставници на Владата, ректоратот и двата пленума, студентскиот и професорскиот.
-
Македонија 23.04.2015 11:46
Гостиварец затаил данок од 280 илјади евра
Гостиварец со малверзации при продажба на недвижен имот, поранешна сопственост на фирмата „Жито-Шар“ го оштетил државниот буџет за 280 илјади евра.
-
Македонија 23.04.2015 11:43
Еко-патека на „Вардарски рид“ кај Гевгелија
615 метри долга уредена со бекатон плочки, летниковци, канделабри и кула. Вака изгледа новата еко- патека на „Вардарски рид“, археолошки и историски значен локалитет која е изградена со проектот меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.










