Двете најголеми економии во светот, САД и Кина постигнаа прелиминарен договор за трговскиот спор. Веста позитивно влијаеше на светските берзи, регистриран пораст на акциите.
Вести
-
Свет 27.10.2025 10:18
-
Македонија 27.10.2025 09:59
На Попова Шапка утрово најстудено и со најмногу дожд
Утрово е најстудено на Попова Шапка, три степени, каде наврнал и најмногу дожд во изминатите 24 часа, 86 литри на метар квадратен.
-
Свет 27.10.2025 09:45
Хамас ја прошири потрагата по останките на заложници во Појасот Газа
Хамас ја прошири потрагата по останките на заложници во Појасот Газа, еден ден откако Египет распореди тим експерти и тешка опрема за да помогне во нивното извлекување.
-
Македонија 27.10.2025 09:43
Пронајдена автоматска пушка во скопско, уапсени две лица
Вчера во 16:20 часот на локален пат од село Арачиново кон село Брњарци, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција ги лишија од слобода Ќ.И. (33) од Куманово и Е.И. (65) од с. Грушино.
-
Економија 27.10.2025 09:13
Тркалезна маса „Унапредување на родовата еднаквост во лидерството и управувањето“
Тркалезна маса „Унапредување на родовата еднаквост во лидерството и управувањето“, ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Северна Македонија, со учество на креаторите на политики, експерти и бизнис-лидери од Западен Балкан.
-
Свет 27.10.2025 09:11
Продолжуваат нападите меѓу Киев и Москва
Украина одново ја нападна Московската област со дронови. Руските сили собориле 34 украински беспилотни летала од вкупно 194. Аеродромите Домодедово и Жуковски привремено ги прекинаа операциите поради заканата.
-
Култура 27.10.2025 08:57
Во Јадро изложба „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“
Во КСП Центар – Јадро вечер ќе биде отворена изложбата „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“, дел од континуираната читачка група што веќе пет години функционира во рамките на програмата за критичка теорија и современа уметност.
-
Македонија 27.10.2025 08:51
На автопатот Скопје-Велес поради одрон, сообраќајот се одвива по десната коловозна лента
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
На автопатот Скопје-Велес после патарина Сопот пред тунелите кај Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента.
-
Македонија 27.10.2025 08:48
Мицкоски во посета на ГОБ „8 Септември“
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје.
Владината прес-служба најави дека Мицкоски во ГОБ „8 Септември“ ќе изврши увид на нова апаратура која ќе биде поставена на одделот за физикална терапија и рехабилитација.
-
Свет 27.10.2025 08:35
САД и Кина се поблиску до трговски договор
Министрите за финансии на САД и Кина подготвија рамка за трговски разговори меѓу лидерите на двете земји. Договорот меѓу Вашингтон и Пекинг е сè поблиску, изјавија претставници од двете најголеми економии во светот.









