Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Јамајка каде што ќе оствари средба со премиерот Милер и со лидери на уште 15 земји.
Вести
-
Свет 09.04.2015 11:58
-
Македонија 09.04.2015 11:45
-
Економија 09.04.2015 11:35
Тодоров: Холандски „Еренес“ ќе инвестира во Македонија
Холандската компанија „Еренес“ ќе инвестира во Македонија. Планира вработување на 50 лица, најави синоќа министерот Тодоров од трибината на ВМРО ДПМНЕ во Виница.
Според владејачката партија, досега се отворени 60 нови фабрики во кои се вработени речиси 9 илјади луѓе.
-
Македонија 09.04.2015 11:27
Секој четврток- отворен ден на ФЗОМ
Од денеска секој четврток, Фондот за здравствено осигурување ќе организира отворени денови на сите 30 подрачни служби на Фондот.
Oва е дел од заложбите на Фондот за информирани осигуреници кои се активни учесници во процесот на креирање политики за негово подобро функционирање.
-
Македонија 09.04.2015 11:25
Расте бројот на американски конгресмени кои ја поддржуваат Македонија
Се зголемува бројот на американските конгресмени што ја поддржуваат Македонија. Републиканецот од Мичиген, Дејв Трод, се придружи на Конгресната група за пријателство со Македонија.
-
Македонија 09.04.2015 11:20
Заев на распит во Јавното обвинителство за случајот „Пуч“
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој е четвртоосомничен во случајот „Пуч“ на распит во јавното обвинителство. Покрај претседателот на СДСМ, во случајот се осомничени и поранешниот разузнавач Верушевски, неговата сопруга, како и еден вработен во Општина Струмица.
-
Македонија 09.04.2015 11:18
Се очекува висок водостој на реките поради топење на снегот
Според прогнозата на УХМР од денеска следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните ќе забележат пораст и до 20 степени.
-
Македонија 09.04.2015 11:10
Поволностите за инвестирање во Македонија претставени пред турските бизнисмени
На маргините на Eвроазискиот форум, пред турските бизнисмени беа претставени поволностите за инвестирање во Mакедонија.
-
Економија 09.04.2015 10:37
Финансирање на неземјоделски дејности со ИПАРД
Задруги, микро и мали претпријатија во руралните средини кои не се занимаваат со земјоделство можат да користат ИПАРД средства.
Инвестициите се и за собирање на шумски плодови со договори и дозвола.
-
Свет 09.04.2015 09:29
Француската ТВ5 цел на хакери од ИДИЛ
Француската телевизија ТВ5 Монд соопшти дека била цел на хакерски напад на Исламска држава, Тие наведуваат дека им биле нападнати нивните ТВ-канали, интернет сајтови, Твитер и Фејсбук страничката, јави дописникот на МИА од Париз.










