Вести
-
Економија 17.02.2015 09:46
Средба на македонски и бугарски бизнис асоцијации
Македонско-бугарската стопанска комора денеска организира работна средба помеѓу претставници на македонските бизнис асоцијации и Бугарската стопанска комора. -
Култура 17.02.2015 09:20
Министерката Канческа-Милевска ќе се сретне со Дуке Бојаџиев
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе има работна средба со македонскиот уметник со интернационална кариера Дуке Бојаџиев.На средбата ќе стане збор за идните активности за промоција на македонската култура во светот. -
Свет 17.02.2015 09:17
Самит против насилниот екстремизам во Вашингтон
Меѓународен напор за спречување на екстремистите и нивните поддржувачи да радикализираат, регрутираат и инспирираат луѓе и групи за изведување на терористички напади во светот, ова е целта на Самитот против насилниот екстремизам на Белата куќа во Вашингтон.
-
Македонија 17.02.2015 09:07
Законот за алтернативна медицина пред пратениците
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 35 седница со гласање по Дополнетиот предлог на закон за комплементарна и алтернативна медицина, во второ читање, за кој расправата заврши вчера. -
Македонија 17.02.2015 09:03
Еврокомесарот Хан во прва посета на Македонија
Во прва официјална посета на земјава, доцна синоќа пристигна Јоханес Хан, еврокомесарот за соседство и проширување. Еврокомесарот со државниот врв денеска треба да разговара и за акцискиот план на владата за членство во Европската унија, предвиден со билатералниот договор меѓу Брисел и Скопје, -
Македонија 16.02.2015 17:32
Аналитичари за „Пуч“: Евтин шпионски трилер на опозицијата
Евтини шпионски трилери кои некои луѓе од опозицијата ги прават, притоа уривајќи го угледот на државата, коментира аналитичарот Тони Науновски за објавените аудио снимки.
-
Свет 16.02.2015 17:27
Ден на жалост во Египет, војската во акција против џихадистите
По повод свирепото убиство на египетските христијани, Египет прогласи 7 дневна жалост. Пораката што исламските милитанти со крв ја напишале и ја упатија кон немуслиманското население. Предизвика голема вознемиреност, не само кај египетските коптски христијани. -
Економија 16.02.2015 17:20
Исплатени субвенциите за лозарите
396 милиони денари субвенции легнаа на сметките на околу 13.700 земјоделци. Владата на лозарите им исплати по 40.000 денари по хектар за одржување лозови насади. Лозарите задоволни од субвенциите, иако ланската година работеа со загуби од 70 до 80 проценти.
-
Економија 16.02.2015 17:01
Сервисирањето на грчкиот долг- на маса во Брисел
Во тек е состанокот на Еврогрупата во Брисел- со единствена точка на дневниот ред „Преговори за отпишување на дел од долговите на Грција, и постигнување на нов договор“ – финасиска програма која би започнала од почетокот на јуни и која нема да содржи мерки на штедење.
-
Македонија 16.02.2015 16:45
Вучиќ: Имаме многу да учиме од Македонија, особено во делот на економијата
„Србија има од кого да учи!“- српскиот премиер Александар Вучиќ призна дека неговата земја го пресликувала македонскиот модел за да привлече повеќе инвестиции. Гостинот од Србија ги акцнтира реформите што се спроведуваат во земјава, особено во областа на економијата.










