Вести
-
Свет 15.01.2015 16:18
Папата Франциско во посета на Филипини
Папата Франциско од Шри Ланка допатувал на Филипини за да им упати порака за милост и сочувство на милиони сиромашни Филипинци, особено на погодените од најсилните тајфуни. -
Македонија 15.01.2015 16:16
Прилеп се доближува до европскиот просек за потрошувачка на вода
Прилеп е еден од ретките градови во Македонија кој полека се доближува до европскиот просек за потрошувачка на вода по глава на жител. Во 2014-та Прилеп трошел околу 220 литри, а европскиот просек е 150 литри дневно по човек.
-
Економија 15.01.2015 15:17
Светска банка: Македонската економија со најголем раст во регионот
Аналитичарите на Светска банка со позитивна оценка за економската клима во земјава.
-
Култура 15.01.2015 15:11
Велес прогласен за град на културата за 2015-та
Со комплексна програма од над 200 настани и 67 манифестации, Велес по втор пат е избран за град на културата.
-
Економија 15.01.2015 14:54
Пад на цените на индустриските производители
Продажните цени на производителите на индустриски производи во ноември 2014 година на месечно ниво бележат пад од 0,5 отсто, а на годишно ниво од 1,3 отсто, објави Државниот завод за статистика. -
Македонија 15.01.2015 14:46
Нови 5.500 пензионери годинава бесплатно на бања
Уште 5.500 нови пензионери годинава бесплатно ќе престојуваат на бања. Барањата од денеска до 16 февруари ќе можат да се поднесуваат во подрачните единици на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
-
Свет 15.01.2015 14:31
Паника поради лажна бомба на аеродромот Фјумичино во Рим
Синоќа на римскиот аеродром Фјумичино е извршена евуакуација поради опасност од бомбашки напад, пренесуваат светските медиуми. Инженер од Словенија тврдел дека во багажот сокрил бомба. Сепак, тврдењето се покажало како лажно. Бомба не е пронајдена.
-
Култура 15.01.2015 13:53
Велес по вторпат „Град на културата“
Општина Велес го доби приматот град на културата за 2015-та година. До Министерството за култура стигнаа пријави од три општини- Неготино, Велес и Струмица.
-
Свет 15.01.2015 13:43
Пожар во просториите на регионалниот совет во Оксфордшир
Голем пожар во просториите на регионалниот совет во Оксфордшир. Пожарот избувнал во текот на ноќта и покрај напорот на стотина пожарникари да го изгаснат, се уште не е ставен под контрола.
-
Свет 15.01.2015 13:36
Џон Кери во посета на Бугарија
Шефот на американската дипломатија Џон Кери во посета на Бугарија. Мерките за безбедност се подигнати на највисоко ниво, полицијата и армијата се распоредени на клучните точки, а дел од улиците се затворени.










