Вести
-
Свет 06.01.2015 18:10
Исланд: Можно повлекување на кандидатурата за членство во ЕУ
Премиерот на Исланд најави дека земјата може да ја повлече кандидатурата за членство во ЕУ. -
Македонија 06.01.2015 17:35
Скопјани на Бадник на чист воздух на Водно
Само најиздржливите на студот денеска беа на Водно. Слободниот ден го искористија за чист воздух и рекреација. Некои велат- по празничните гозби добро е да го потрошиме тоа што е изедено и испиено. Снегот ги мамеше и најмладите со санките.
-
Македонија 06.01.2015 17:28
МОН прифати седум забелешки од академската заедница изнесени на вчерашната дебата
Министерството за образование прифати седум забелешки од универзитетската фела искажани на вчерашната дебата за Законот за високо образование.
-
Економија 06.01.2015 17:16
20,7 милиони евра за рурален развој
20,7 милиони евра им стојат на располагање на општините за рурален развој. Пари ќе добијат сите, 15,5 милиони се обезбедени преку европската ИПА програма, а 5,2 милиона се буџетски средства. Поддршката е во вид на грант, без обрска да бидат вратени.
-
Македонија 06.01.2015 17:04
Како жителите во околината на Скопје се справуваат со последиците од снежното невреме?
Пријатно сончево јануарско утро во планинско село. Главната сообраќајница до него е расчистена, а споредните селски сокачиња сеуште чекаат под снежната прекривка.
-
Македонија 06.01.2015 16:40
Обичаи за Бадник: Посна трпеза за среќа, здравје и бериќет
Трпеза од се по нешто, целото семејство на број. Прилепчани подготвени за прославата на Бадник и Божик. Главно, обичаите единствени, со неколку посебности за својот крај
-
Македонија 06.01.2015 16:35
Православните христијани слават Бадник- празник за семејна радост
Молитвено чевствување на Бадник, денот пред Божиќ- како подготовка за раѓањето на Исус. Во црквите низ цела Македонија се делеше нафора, бадникови гранчиња, се палеа свеќи.
„Палиме за здравје, за среќа, за убави денови.“
-
Македонија 06.01.2015 16:28
Метео
Во текот на утрешниот ден во Македонија се очекува сончево суво и студено време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.Од четврток дневните температури постепено ќе бележат пораст. -
Економија 06.01.2015 16:23
Нов оглас за субвенции за маркетинг и преработки на земјоделски производи
За субвенции ќе можат да конкурираат винарските визби ,трговците со ориз произведен во Македонија и капацитетите за преработки од зеленчук во стаклена амбалажа. -
Македонија 06.01.2015 16:17
Децата- коледари го најавија Хрисовото раѓање
Малите коледарчиња со песна го најавија славењто на Бадник. Тие се симбол на ангелите кои ја носат веста за Христовото раѓање. Децата не ја криеја возбудата, велат и следната година ќе го навестуваат христовото раѓање.










