Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Вести
-
Македонија 23.10.2025 08:11
-
Македонија 22.10.2025 20:16
Пронајдени мигранти, лишени од слобода двајца криумчари
Вчеравечер околу 22:10 часот кај место викано „Дубрава“, полициски службеници од Полициската станица за гранични премин и гранична контрола Дојран ги лишија од слобода Ф.М.(18) од Богданци и 17-годишник од Струмица.
-
Култура 22.10.2025 19:47
Национален џез оркестар на Есенски музички свечености
„Есенските музички свечености“ 2025 година свечено ќе се отворат со концерт на Националниот џез оркестар насловен „Македонски сновиденија“, под диригентската палка на Владимир Николов, на 25.10.2025 г. (сабота) со почеток во 20:00 часот на сцената на Малата сала на Филхармонија.
-
Македонија 22.10.2025 19:46
Средба на Муртезани со британскиот министер за Европа, Доти
Министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, денеска во Лондон, оствари билатерална средба со државниот министер за Европа, Северна Америка и прекуморските територии на Обединетото Кралство, Стивен Доти, на маргините на Конференцијата на високо ниво за Западен
-
Македонија 22.10.2025 19:26
Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава
За кривично дело – Помагање на странец при незаконит престој предвидено во член 212 став 1 и 3 од Законот за странци осомничени се двајца турски државјани, на возраст од 30 и 26 години.
-
Македонија 22.10.2025 19:04
Посебен режим на сообраќај утре во центарот на Скопје
На 23.10.2025 (четврток) во 10:00 часот поради одржување на атлетска трка во централното градско подрачје на Скопје, со траса на движење од паркот „Жена борец“ преку Камен мост, ул.
-
Македонија 22.10.2025 18:41
Истрага за злоупотреби во прилепската болница, осомничени 32 лица
Во случајот со прилепската болница, судот им определи притвор до 30 дена на 6 лица, на 19 мерка за претпазливост, а на 7 фирми забрана за учество во постапки за јавни набавки. Од шесте лица четворица се од Болницата, дел од поранешното раководство, а две лица се надворешни.
-
Економија 22.10.2025 18:22
Народна банка: Финансиската писменост кај младите – инвестиција во иднината
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со претставниците на Европскиот форум Алпбах (ЕФА), на која главна тема беше унапредувањето на финансиската едукација кај младите.
-
Македонија 22.10.2025 18:07
Николоски на средба со УКЕФ во Лондон
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на работната посета на Обединетото Кралство, денеска оствари средба со претставници на Националната агенција за извозно финансирање – УКЕФ.
-
Свет 22.10.2025 17:48
Трамп го одложи состанокот со Путин: Не сакам залудна средба, запрете ја војната и одете дома
Шефот на Белата куќа потврди дека плановите за средбата со Путин се откажани. Не сака да губи време залудно. Клучна точка на сопнување останува одбивањето на Москва да ги прекине борбите на фронтот.










