По добиеното мислење, Предлог Законот за Судски совет ќе се поднесе во собраниска процедура.
Станува збор за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија.
Клучни новини кои се предвидени со Законот:
По добиеното мислење, Предлог Законот за Судски совет ќе се поднесе во собраниска процедура.
Станува збор за конструктивен и содржаен документ кој доби позитивно мислење и од Венецијанската комисија.
Клучни новини кои се предвидени со Законот:
Вицепремиерот Николоски во Брисел учествува на Министерскиот совет на европската Транспортна заедница. На маса, напредокот на земјите од Западен Балкан во реализацијата на инфраструктурните проекти.
Од Брисел за Дневникот на Македонската телевизија известува, Стојан Трпчевски.
Се подготвува новата цена на струјата што ќе важи од 1-ви јануари. Иако ЕВН Хоум на тендерот доби повисока цена, сепак, има намалување во делот на преносот, дистрибуцијата и операторот, со што ќе се ублажи ударот.
Александра Велинова разговара со првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски.
Бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје годинава бележи раст од 3,8 % во однос на истиот периот лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Најголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 21 % и Информации и комуникации од 7,4 %.
Претседателот на СДСМ, Филипче ја повика главната европска обвинителка, Лаура Ковеши да ја посети Македонија за да ги истражи сомнежите за малверзации со европски средства од ИПАРД програмата. Филипче рече оти е загрозен износ од 130 милиони евра.
СВР Штип – ОВР Делчево, до Основното јавно обвинителство Делчево, поднесе кривична пријава против Д.Ц.(53) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Поради бурата Бајрон, која го погоди истокот и југот на Грција, денес се затворени сите училишта во Атика и на Родос.
Невремето предизвика ненадејни поплави, претворајќи ги улиците во потоци.
По петгодишна потрага, американските власти го уапсија 30-годишниот маж од Вирџинија, Брајан Кол, осомничен за поставување две бомби во близина на седиштата на Републиканската и Демократската партија пред немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на состанокот на групата „Пријатели на Западен Балкан“, одржан во Виена на покана на австриската министерка за европска и меѓународна политика, Беате Мајнл-Рајзингер.
Драмски театар утре, на 6 декември, во 19 часот на сцената на Народниот театар во Гевгелија ќе ја игра претставата „Чудесна терапија“. Гостувањето се реализира во рамките на програмата на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025“.