Малопродажните цени на бензините поевтинуваат ноќеска на полноќ за 4,5 денари по литар, додека цената на литар дизел се намалува за четири денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Вести
-
Економија 15.12.2014 12:43
-
Македонија 15.12.2014 12:38
Девет лица полесно повредени во верижниот судир кај Волково
Густата магла околу осум часот утринава најверојатно беше причина за верижниот судир на патот кај клучката Волково, на обиколницата околу Скопје.
-
Македонија 15.12.2014 12:19
Густата магла продолжува да предизвикува проблеми во авиосообраќајот
Маглата го затвори аеродромот „Александар Велики“. Откажани се сите полетувања, а нема услови ниту за слетување. Воздухопловите се пренасочуваат кон охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.
-
Економија 15.12.2014 11:41
Награди за посетителите на саемот „Купи куќа, купи стан“
Министерството за финансии од 20-ти до 28-ми декември во трговскиот центар Рамстор организира саем посветен на проектот „Купи куќа, купи стан“.
-
Македонија 15.12.2014 11:36
Повредени повеќе лица во верижен судир кај Волково
Верижен судар на повеќе возила се случи изутрина околу 8 часот кај клучката Волково на обиколницата кај Скопје, при што се повредени неколку лица, информираат од СВР Скопје.Според полицијата, лицата кои се пожалиле на повреди се пренесени на скопските клиники. -
Свет 15.12.2014 11:27
Прва поголема терористичка закана за Австралија
Жителите на Австралија ги вознемири заложничка драма што е во тек во Сиднеј.
-
Македонија 15.12.2014 11:07
Македонците ретко користат медијаторство во решавање на споровите
Решавање на споровите побрзо, поефикасно и поефтино. Ова се придобивките доколу не се оди на суд, туку случаите се решаваат со медијација. Медијаторот на засегнатите страни им дава предлози за можни начини како да го решат нивниот спор.
-
Свет 15.12.2014 10:58
Белгија блокирана од општ штрајк
Сообраќајот во Белгија е во целосен колапс. Запрени се возовите и авионите, кон 24-часовниот општ штрајк на синдикатите се приклучуваат и возачите на автобусите, трамваите и метрото, не работат училиштата, фабриките и фирмите.
-
Македонија 15.12.2014 10:54
Сточарите кои претрпеа штети од болеста „син јазик“ ќе се обештетат
Владата ќе ги обешети сточарите со претрпени штети од болеста „син јазик“.
-
Економија 15.12.2014 10:47
Можностите за инвестирање во Македонија претставени пред бизнисмените од Саудиска Арабија
Владината делегација на чело со премиерот Никола Груевски ја продолжува политичко- економската посета на Саудиска Арабија. Пред четириесетина бизнисмени беа презентирани можностите за инвестирање во Македонија.










