Вести
-
Свет 01.12.2014 11:26
Застрелани тројца српски дрежавјани во Валенсија
Тројца српски државјани се застрелани денеска во источниот дел на Валенсија. Постојат сомнежи дека професионален стрелец ги изрешетал Србите. -
Економија 01.12.2014 11:10
Архив на Македонија: Истекува рокот за компаниите за доставување план за архивски знаци и материјали
Денеска истекува рокот за компаниите кои до Архивот на Македонија треба да достават план на архивски знаци, листа на архивски материјали и на документарен материјал со рокови за чување.
-
Свет 01.12.2014 11:04
Тензично во Египет: Протестите се проширија на сите универзитети
Расте тензијата во Египет. На речиси сите универзитети во Каиро почнаа протести поради ослободителната пресуда на поранешниот претседател Хосни Мубарак.
-
Свет 01.12.2014 10:56
Средба Путин- Ердоган во Анкара, економијата главна тема
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе допатува во Турција, на разговори со претседателот Ердоган.
Енергетските и економските прашања ќе бидат главна тема на разговорите.
-
Свет 01.12.2014 10:49
„Луфтханза“ повторно блокирана од штрајк на пилотите
Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ откажа 1.350 летови поради штрајкот на пилотите, откако преговорите меѓу нив и раководството на компанијата околу условите за пензионирање не вродија со плод.
-
Македонија 01.12.2014 10:41
На „Ало докторе“ совет побарале 11.699 лица
На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе„ од нејзиниот старт до сега се јавиле вкупно 11.699 лица. На граѓаните за побараната медицинска помош, покрај докторите, секој ден од 18 до 22 часот, совети им даваат и директорите на јавните здравствени установи. -
Македонија 01.12.2014 10:35
Ноќеска откажани летови, утрово нема застој на „Александар Велики“
Нема застој во авиосообраќајот на Скопскиот аеродром „Александар Велики“, покажува информативниот систем на аеродромот.
Изутрината се реализирани сите предвидени полетувања и слетувања според планираното.
-
Македонија 01.12.2014 10:30
Истекува рокот на Комисијата за мандатни прашања за заземање став за отсуството на пратениците
Утре истекуваат 15-те дена што ги доби Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за заземање став дали пратениците од опозицијата биле оправдано или неоправдано отсутни од Собранието, односно дали ќе им бидат одземени мандатите или само ќе добијат
-
Македонија 01.12.2014 10:13
Земјоделствo: Со системи за наводнување против климатските промени
Климатските промени во земјоделството треба да се регулираат со системи за наводнување. Македонија има вода, но е недоволно искористена за повисоки приноси. Постои инфраструктура за 170.000, а се наводнуваат само 30.000 хекатри.
-
Економија 01.12.2014 08:41
Законските измени за минимална плата пред Собранието
Измените и дополнувањата на законите за водите, за социјалната заштита и за минималната плата во Република Македонија, сите во второ читање, се на дневен ред на 24. собраниска седница.










